• вто. Мар 21st, 2023

ОПШТИНА КАРПОШ: ЗАЗЕЛЕНУВА „ЧАТАЛОТ“ ВО КАРПОШ

Дек 19, 2020

По завршувањето на подготвителните активности за рамнење и чистење на теренот, Општина Карпош продолжи со засадување на висококвалитетни дрвја, жива ограда и украсни растенија на т.н. „чатал“ меѓу патот за Трнодол и Жданец. Имено, се засадуваат вкупно 455 растенија: листопадни и зимзелени дрвја, грмушки и украсно зеленило.

Овој простор со години делуваше неуредено, со прашина и често претставуваше површина за паркирање или одлагање на шут. Иако во изминатата година се ширеа лажни вести и информации дека на овој простор ќе „никне“ нова зграда, локалната самоуправа опстојува на определбата за планско уредување и раззеленување на јавните површини.

На овој јавен простор од 400 м2 ќе се засади и тревна површина, а предвиден е и систем за наводнување и одржување на целото зеленило. Со уредувањето на овој агол целосно се менува ликот на еден запуштен и руиниран простор. Зелениот корнер ќе биде ставен во функција на граѓаните и нивните рекреативни активности. Локалната самоуправа ги користи поволните временски услови за дополнително раззеленување на населбите. Неодамна заврши и есенската акција за садење на 150 листопадни дрвја. Етапно се садат и 300 ореви по дворовите на основните училишта и градинките.

Текстот и сликите се превземени од официјалната страна на Општина Карпош https://karpos.gov.mk/%d0%b7%d0%b0%d0%b7%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bf%d0%be%d1%88/