• чет. Мар 30th, 2023

БРОЈКАТА НА ДРВЈА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАСАДАТ ДОСТИГНА 11 МИЛИОНИ, ВО ПРЕДИЗВИКОТ “ДРВА ВО ГРАДОВИТЕ” (TREES IN CITIES CHALLENGE)

Јан 8, 2021

Во предизвикот “Дрва во градовите”, градоначалниците и локалните власти низ светот се обврзаа да засадат 11 милиони дрвја. Кампањата која промовира климатски движења во градовите, заврши на крајот на минатата година.

Овој предизвик  беше започнат во септември 2019та година со порака дека урбаните површини се главни бојни полиња во борбата со климатските промени. До 2050та година, две третини од светското население ќе живее во град, па заради тоа потребни се драстични промени за да се направи животот поквалитетен и поодржлив. Дрвата можат да ја намалат надворешната температура за дури 8oC и го прочистуваат воздухот од загадувачи.

Мексико сити води во овој предизвик и се обврза да засади 8 милиони дрва. Тој е и еден од најголемите градови во светот, со население од 22,6 милиони жители. Ашхабат, главниот град на Туркменистан со население од нешто повеќе од 1 милион жители, се наоѓа на втората позиција и ќе засади 1,6 милиони дрва. Придонесот на главниот град на Албанија, Тирана, е исто така импресивен и тие ќе засадат половина милион дрва, односно по едно дрво за секој жител. Следен на листата од Балканот е Софија, со 12486 дрва. Властите на Подгорица, главниот град на Црна Гора ќе засадат 10000 дрва.

Оваа иницијатива е доброволна и цели кон градоначалници и локални власти во градови насекаде во светот. Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) укажува на фактот дека дрвата апсорбираат големо количество на јаглерод диоксид и ја намалуваат потребата за ладење со клима за 30 %. Едно дрво може да апсорбира do 150 kg на јаглерод диоксид на годишно ниво, што помага во битката со климатските промени. Исто така, дрвата во урбаните средини помагаат во намалување на стресот, превенираат гојазност, го забрзуваат оздравувањето од болести и придонесуваат за урбаниот биодиверзитет. Дрвата помагат во контрола на ерозијата и го намалуваат и ризикот од поплави.

Останува да се надеваме дека и нашите локални власти ќе пристапат кон овој предизвик и ќе засадат голем број на дрва и во нашите градови.