• пет. Мар 31st, 2023

ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА ПРВИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ОСТРОВ ВО СВЕТОТ

Јан 27, 2021

Данска формира два нови енергетски острови во близина на брегот на оваа држава. Енергетските острови ќе бидат комплетирани до 2030та година и ќе можат да снабдуваат 5 GW на енергија добиена од крајбрежни ветерници. Тоа е доволно за да се задоволи просечната потрошувачка на енергија за 5 милиони домаќинства. Нови визуелизации откриваат како би изгледал поголемиот од овие острови.

Тука може да видите како ќе изгледа овој остров.

Една од главните точки на Климатскиот план за акција 2020 на данската влада е изградбата на два нови енергетски острови – еден во Северното море, а другиот во Балтичкото море. Енергетските острови ќе извезуваат обновлива енергија директно до копнениот дел на Данска и соседните држави или ќе ја конвертираат во зелени горива, коишто може да се користат за снабдување со енергија на тешки превозни средства како авиони, товарни и мали бродови.

Поголемиот од овие два острови е сега еден чекор поблиску за да биде реализиран. Претставени се првите визии за овој прв енергетски остров во светот наречен Остров на ветерот (“VindØ – Wind Island”). Островот ќе биде лоциран на 100 km од крајбрежјето на Данска, во ветровит дел на Северното море. До 2030та година, овој остров ќе има капацитет од 3 GW, со можност постепено да се зголеми до 10 GW. Тоа е еквивалентно на 25 традиционални ветерни паркови.

Главното прашање кое се поставува е дали овој остров треба да се изгради во вид на челична платформа или во вид на брана. По направената кост-бенефит анализа проценката е дека овој енергетски остров во Северното море, со капацитет од 3 GW, ќе чини 7,93 билиони евра. Цената се однесува без разлика на тоа каква конструкција ќе има островот. Цената вклучува ветерни паркови и пренос на енергија.

Додека изградбата на “VindØ” е се уште тема на дискусија, за вториот енергетски остров во Балтичкото море, Борнхолм енергетски остров, ќе се искористи веќе постоечкиот остров Борнхолм.

Планот за изградба на овие два енергетски острови и поврзување со 5-6 GW, е до крајот на 2030та година. Меѓутоа, двете енергетски компании за обновлива енергија  “Ørsted” и “PensionDanmark” изјавија дека е можно да се изградат островите и многу порано од дадениот рок. Доколку имаат реално амбициозни планови, би можело да има еден енергетски остров којшто ќе пренесува енергија во државата и до 2027-2028ма година, изјави директорот на “PensionDanmark”, Торбен Могер Педерсен.

Целиот текст може да го прочитате тука.