• сре. Мар 29th, 2023

НА МАЛ ВУЛКАНСКИ ОСТРОВ СЕ ОТВОРА ПРВОТО ЕВРОПСКО ДИГИТАЛНО НОМАДСКО СЕЛО

Јан 30, 2021

Првото дигитално номадско село во Европа ќе биде отворено на малиот вулкански остров Мадеира, еден од двата автономни региони во Португалија.

Digital Nomads Madeira се отвора на први февруари во селото Понта до Сол. Цели кон привлекување на дигитални номади, луѓе коишто можат да работат од далечина и можат да патуваат додека работат. Сместено на јужниот брег од островот,  ова село нуди бесплатен работен простор во Културниот центар Џон дос Пасос и бесплатно wi-fi од 8 часот сабајле до 10 часот навечер. Затворањето на канцелариите поради Ковид-19 значително го зголеми бројот на луѓето што можат да работат од далечина. Моментално 3000 луѓе се веќе регистрирани за овој проект, но може да се примат само 100. Се уште се примаат регистрации тука.

Островите Мадеира минатата година беа повторно прогласени за водечка светска островска дестинација, исто како и во последните шест последователни години, на Светските награди за патување.

Според Digital Nomads Madeira, Понта до Сол нуди “перфектни услови за номади кои бараат топла клима, сонце и тивок живот опкружен со природа”.

Се очекува дигиталните номади да имаат “многу позитивен ефект на островите Мадеира, со тоа што ќе седат подолг период, ќе изградат заедница, и ќе го помогнат туризмот во текот на целата година”. Овој проект веќе има изградена соработка со локалните бизниси како секторот за недвижнини, хотелите и компаниите за изнајмување на возила.

Мадеира се смета за моментално најбезебедните дестинации за патување во Европа, со постојано ревидирање на превентивните мерки.

Целиот текст може да го причитате тука.