• вто. Мар 21st, 2023

ЕДУКАЦИЈАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ ЗАСИЛУВА ВО ВАРШАВСКИТЕ УЧИЛИШТА

Полскиот главен град сака да стане уште поактивен во борбата против климатските промени – еден од најголемите предизивици со кој се соочува градот во моментов. За да бидат овие обиди поуспешни, секој граѓанин треба да биде свесен за ситуацијата и за постапките потребни за заштита на планетата. Поради ова, Варшава воведе едукација за загадувањето на воздухот и за климатските промени во локалните училишта, навооружувајќи ги наставниците со соодветна содржина за предавање.

ЕДУКАЦИЈА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ЖИТЕЛИ НА ВАРШАВА

Минатото лето, полскиот Министер за образование ја дополни регулативата за наставната програма во јавните училишта, вклучувајќи ја потребата да се подигне свеста за важни социјални проблеми како здравје, правен систем, финансии и за климатиски промени. Овие промени ги засегаат основните и средните училишта и се очекуваа да започнат веќе во учебната година 2020/2021.

За оваа цел и  да се поддржат наставниците, Канцеларијата за заштита на воздухот и климатската политика на градот Варшава, подготвиле образовни пакети за загадување на воздухот и климатски промени. Нивната цел е да помогнат учениците да разберат како овие проблеми влијаат во сегашноста, но и во иднината на нивните животи, да укаже на правецот на потребните промени и да ги мотивира да делуваат.

Конечно, минатиот месец, Универзитетот на Варшава издаде прирачник насловен “Клима АБЦ”, со што, според Варшавските власти, е прв интердисциплинарен прирачник за климатските промени во Полска.

Целиот текст може да го прочитате тука.