Официјалните лица во Грција веруваат дека масовна вакцинација за вирусот Ковид-19, во клучни Европски дестинации може да предизивика отскокнување на туризмот ова лето. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис откри дека забрзана вакцинација на критични пазари, како Англија и Израел, може да доведе до зголемен број на посетители со што би се намалиле дел од загубите поради вирусот Ковид-19.
“Во основа, ние сме зависни од темпото на вакцинација на нашите главни пазари. На пример, Израел е многу важен пазар за Грција и доколку 70 % од Израелското население се вакцинира до крај на март, ќе ни олесни постепено почнеме со отворање на границите за Израелците кои имаат вистински интерес за патуавање”.
Грција формираше свој стандарден вакционен сертификат и бара од другите земји од Европската унија да развие универзален електронски систем што би можел да се користи патување надвор од границите на државите.
Мицотакис исто така кажа дека сертификатите нема да бидат задолжителни за туристите кои планираат патување во Грција ова лето.
Целиот текст може да го прочитате тука.