Словенечката енергетска компанија “GEN-I” започнува со изградба на голема фотоволтаична централа со капацитет од 17MW, по добивање на дозвола за изградба на земјиште на РС Македонија. Претставништвото на “GEN-I” во Скопје, успеа да добие 17MW од вкупно 35MW, што е воедно и најголем капацитет доделен на една компанија.
Соларната централа на “GEN-I” ќе биде лоцирана во селото Амзабегово, во општина Свети Николе и треба да биде целосно функционална до 2023та година. Се смета дека овој објект ќе може да генерира 25 GWh годишно со што ќе ја снабдува со струја нашата земја, но и регионалните пазари. Компанијата има дозвола да управува со овој објект 50 години.
Целиот текст може да го прочитате тука.