Како може цврст молив да изгледа како гума?
Ако сакате да видите како цврст молив се претвора во гума, само прашајте некој ученик во основно училиште. Еден од омилените трикови на сите магионичари-аматери е следниот: се зема молив, со два прста се држи на едниот крај и лесно се движи раката нагоре, надолу. Кога илузијата се прави правилно, правата линија се претвора во брановидно мавтање.

Па, како всушност функционира оваа илузија?
Да почнеме со просто објаснување: вашите очи и вашиот мозок не можат да се следат меѓусебно. Кога светлоста ќе навлезе во вашите очи, рецепторите наречени стапчиња и чунчиња пренесуваат сигнал преку нервите до мозокот, кој го процесира. Секој сигнал сметајте го како фотографија. Вашиот мозок ги поврзува тие слики и изгледа како тие да се движат непречено, како што изгледаат во кинеограф.
Но, луѓето имаат значајно бавен визуелен систем. Луѓето можат да процесираат од 50 до 100 индивидуални слики (односно страни во кинеограф) во една секунда, во зависност од големината на тоа што го гледаме, според научно истражување од 2016та година, објавено во PLOS One. За споредба, некои видови на птици можат да процесираат 145 слики во една секунда, а некои докази укажуваат на тоа дека најбрзите муви можат да процесираат до 400 слики во секунда.
ТЕОРИЈАТА НА ЏЕЈМС ПОМЕРАНЦ
Кога следите некој објект којшто се движи брзо, вашиот визуелен систем всушност не чувствува дека објектот се движи моментално. Наместо тоа, секоја слика од движењето ни остава впечаток на нашата мрежница (делот од окото коешто ја чувствува светлината) од приближно неколку милисекунди. Затоа, ако замавтате со раката брзо, пред вашето лице, ќе видите замаглување и затоа флуоресцентните светла ни изгледаат како постојана светлина. На пример гулабите, ја гледаат таа светлина како што навистина изгледа, а тоа е како трепкачка светлина.
Поради тоа, кога вашиот пријател го движи моливот нагоре, надоле, вашиот визуелен систем всушност не може да го фати секое движење во детали. Џејмс Померанц, човекот којшто има издадено научен труд на оваа тема во 1983та година, користел компјутер за графички да ја прикаже секоја слика од движењето на моливот во детали (слика подоле).

Неговите резултати, објавени во списанието Perception and Psychophysics, откриваат дека во симулацијата, ако моливот се држи на едниот крај и се движи, графичките прикази од секоја индивидуална слика споени заедно формираат благо свиткана линија. Тоа е тоа што го прима нашиот визуелен систем. Да бевте птица или инсект, ќе гледавте права линија којашто се движи нагоре, надолу.
ДРУГИ ИСТРАЖУВАЊА
Повеќе скорешни истражувања пронашле дека теоријата на Померанц е важен дел од оваа приказна, но не дава комплетен одговор на прашањето зошто моливот изгледа како да се претвора во гума. Сумарно, теоријата на Померанц, заедно со скорешните истражувања на оваа тема, укажуваат дека не се работи само за “слики” коишто нашето око може да ги фати, туку се поврзува и со нивниот контекст и со начинот на којшто мозокот ги процесира овие “слики”.
Иако не е целосно објаснета оваа појава, она што научниците го знаат е дека: човечкиот мозок “работи најдобро што може.”