Од засадување на дрва до рециклирање, одржливоста го подобрува престојот во овие еко-пријателски куќарки што се протегаат низ светот.
Додека опсегот на одржливи патувања расте, далечните еко-објекти инспирираат нови начини да се постапува внимателно и да се има грижа за локалните заедници, како и на природата. Типични примери сега вклучуваат геотермална енергија, рециклиран мебел и превземање на храна директно од фарми, иницијативи коишто можат да се најдат во еко-објектите што варираат од сафари кампови до урбани места исполнети со многу активности. Големите играчи во светот на угостителството – како што се Хилтон хотелите и ресортите, со новиот LEED GOLD дизајниран Lodge at Gulf State Park, полека ги стигнуваат пионерите во оваа област како што е добитникот на награда Cayuga Collection, најчесто користејќи свои начини да влијаат на гостите и на персоналот да се фокусира на одговорно патување. Без разлика дали сте тргнале до некое оддалечено село или некој голем град, овие нови сместувања овозможуваат преноќување што ја става одржливоста со стил.
- SHINTA MANI WILD, КАМБОЏА
Изграден од дизајнерот Бил Бенсли, на границата на Јужниот Кардамонски Национален Парк во западна Камбоџа, за да се помогне и да се заштити околната шума од 860 ари. Комплексот содржи 15 луксузни шатори, секој со своја надворешна бања. Гостите може да пристигнат со зиплајн и да ги исполнат своите посети со пикник, пешачење или помагање на ренџерите.
- MAGASHI CAMP, РУАНДА
Во партнерство со Афричките паркови и Одборот за Развој на Руанда, ова место оди во насока да го направи Националниот парк Акагера, распространет на 250000 ари, економски самостоен. Шесте шатори со соларна енергија содржат глетки на езеро, савана и див свет.
- BAWAH RESERVE, ИНДОНЕЗИЈА
Сместено помеѓу шест острови во Индонезискиот архипелаг Анамбас, ова место ги смстува гостите во 35 бунгалови надводни бунгалови и бамбусови апартмани. Можете да откриете голем број на плажи, места за нуркање што овозможуваат пристап до гребени во околината. Само-одржливите мерки вклучуваат амбициозен принцип на пермакултура, којшто се заснова на етичко грижа за природата и подразбира чување, грижење и штедливо користење на природните ресурси.
- VALSAN HOTEL & APARTMENTS, ШВАЈЦАРИЈА
Главниот механизам на греење во овој хотел во алпското село Ароза претставува таканеречена “батерија од мраз” којашто складира геотермална енергија. Чекирајте се во хотелот, главно изграден од рециклирачки материјали, за да може да искусите скијање, пешачење и пливање во езеро.
- 1 HOTEL BROOKLYN BRIDGE, ЊУ ЈОРК, САД
Покрај тоа што содржи неверојатни глетки на Менхетн, лобито на овој хотел има зелен ѕид, а во гостинските соби насади со мов. Тоа што не се гледа е ефикасен систем на греење и ладење, како и систем на користење на дождовната вода.
- ISLA PALENQUE, ПАНАМА
Само 8 мали куќички и една вила се ноѓаат на приватниот островски ресорт со површина од 400 ари, сместен во Пацифичкиот залив Чирики. Изграден одржливо со персонал од локалното население, ова светско уникатно сместување го поканува секој свој гостин да засади дрво.
- CANNUA, КОЛУМБИЈА
Изграден од бамбус и земјени блокови направени на лице место, снабдени со кујни со органски градини, овој ресорт со 18 соби, има во посед нешто повеќе од 27 ари (од кои 22 се заштитена шума) од колумбиската биоразновидна Антиокија.
- OCEAN HOUSE, КАНАДА
Овој ресорт, кој е во сопственост на племето Хаида, се наоѓа во Британска Колумбија, Канада, ги импрегнира гостите во природата и културата на ова племе. Уметниците најчесто одбираат пакети што вклучуваат тури на традиционалните села или екскурзии со кајак.
- HOTEL CERRO, КАЛИФОРНИЈА, САД
Целејќи кон LEED сребрен сертификат, овој хотел во Сан Луис Обиспо, Калифорнија, забранува користење на пластика за едократна употреба и овозможува вода во шишиња за повеќекратна употреба. Хотелските јадливи градини, каде гостите може да се послужат, растат органски зеленчукови растенија наменети за ресторанот Brasserie SLO.
- BABAI RIVER CAMP, НЕПАЛ
Овој камп-шатор се поставува на барање, и претставува сместување во стил на сафари, и се наоѓа во Националниот парк Бардија, во Непал, каде се слободно се движат носорози, слонови и загрозените Бенгалски тигри (56 на последното броење). Гостите можат да помогнат во пренесување на водени филтри до локалното население заштитувајќи го паркот.
- SUNDY PRAIA, САО ТОМЕ И ПРИНЦИПЕ
15те вили од овој ресорт, се наоѓаат на островот Принципе, УНЕСКО зашитено подрачје. Истражете ги дождовните шуми и гребените од ова светски уникатно сместување каде гостите можат да рециклираат стакло во накит и да одат на прошетка со традиционални локални кануа наречени пироги.
- INHABIT, АНГЛИЈА
Шест градски домови во областа Педингтон во Лондон, се претворени во ресорт со 89 соби. Нордиски минимализам го прави амбиентот погоден за велнес, храна на растителна база и мебел произведен од фабрика од социјално претпријатие.
- DICOVERY ROTTNEST ISLAND, АВСТРАЛИЈА
Крајбрежни гребени и 63 плажи привлекуваат нуркачи и сурфери во австралискиот остров Ротнест, којшто е и ослобен од возила. Овој ресорт содржи 83 “еко-шатори” поврзани со дрвена патека за да се редуцира ерозијата и да го заштити локалното животно куока, со големин на мачка.
Оригиналниот текст може да го прочитате тука.