Како може да се подобри имуниот систем? Во суштина, вашиот имун систем работи одлично во поглед на одбрана од микроорганизми кои предизвикуваат болести. Но, понекогаш не успева во одбраната: некој микроб успешно влегува во вашиот организам и вие сте болни. Можно ли е да се интервенира во овој процес и да се подобри работата на вашиот имун систем? Што ако го подобрите вашиот начин на исхрана? Да земате витамини или додатоци во исхраната на хербална база? Да направите други промени во вашиот стил на живот со надеж дека ќе го доведете вашиот имун систем до перфекција?
Идејата за подобрување на вашиот имун систем е примамлива, но способноста да го направите тоа се покажала неостварлива од неколку причини. Имуниот систем е токму тоа – систем, не е единствена единка. За да фукционира добро, потребни се баланс и хармонија. Има уште многу работи кои научниците се уште не ги знаат за комплексноста и поврзаноста на имуниот одговор. За сега, нема научно докажана директна поврзаност помеѓу начинот на живот и зголемениот имун одговор.

Тоа не значи дека ефектите од начинот на живот на имуниот систем не се интригирачки и дека не треба да се проучуваат. Научниците ги истражуваат ефектите на начинот на исхрана, вежбањето, годините, психолошкиот стрес и други фактори врз имуниот систем, и кај животни и кај луѓе. Во меѓувреме, основните стратегии на здрав живот имаат смисла бидејќи е многу веројатно дека го помагаат имуниот одговор и доаѓаат заедно со други докажани здравствени ефекти.
ЗДРАВИ НАЧИНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ИМУН СИСТЕМ

Прва линија на одбрана е да се одбере здрав начин на живот. Следејќи ги основните насоки за добро здравје е најдобриот чекор што може да го направите во правец на природно одржување на нормалната работа на имуниот систем. Секој дел од телото, вклучувајќи го и вашиот имун систем, функционира подобро кога е заштитен од надворешни напади и поткрепен со стратегии за здрав живот како следниве:
- Не пушете
- Имајте исхрана со многу овошје и зеленчук
- Вежбајте редовно
- Одржувајте здрава телесна тежина
- Доколку пиете алкохол, пијте во умерени граници
- Спијте доволно
- Превземете чекори за заштита од инфекција, како редовно миење на раце готвење на месото целосно
- Пробајте да го сведете стресот на најниско ниво
- Бидете во чекор со сите препорачани вакцини. Тие се основа за вашиот имун систем да ве држи настрана од инфекции.
ПОДОБРЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ НА ЗДРАВ НАЧИН
Многу производи поставени на полиците содржат тврдат дека го подобруваат имунитетот. Но, концептот на подобрување на имунитетот всушност нема научна логика. Во суштина, зголемувањето на клетки во вашето тело, одбранбени или некој друг вид, не е секогаш добро. На пример, спортистите кои земале допинг, пумпаат крв во нивниот организам за да се зголемат крвните клетки и да ги подобрат своите перформанси, но имаат ризик од мозочни удари.
Самиот обид за зголемување на клетките од имуниот систем е многу комплициран, бидејќи има голем број на различни видови на клетки во имуниот систем коишто реагираат на различни микроби на различни начини. Кои клетки ќе ги зголемите и до која мерка? За сега, научниците немаат одговор на тоа прашање.

НАЧИН НА ИСХРАНА И ИМУН СИСТЕМ
Како и секоја одбранбена сила, имуниот систем има своја армија и во стомакот. Здравите војници на имуниот систем имаа потреба од добра и редовна исхрана. Доколку приметите дека со вашиот начин на исхрана не ги задоволувате основните потреби на микронутриенти, како витамини и минерали, земањето на мултивитамински или друг додаток во исхраната (минерали), може да има здравствен ефект на имуниот систем. Земање на мега дози од еден витамин или минерал нема да има таков ефект.
СТРЕС И ИМУН СИСТЕМ
Како прво, стресот е тежок за дефинирање. Тоа што може да предзивика стрес кај еден човек, не мора да предизвика кај друг. Сепак, постои широк спектар на болести што може да се поврзат како последица од емоционален стрес. Но, и покрај сите предизвици, научниците се уште активно ја проучуваат врската помеѓу стресот и имуниот одговор.
ВОЗРАСТА И ИМУН СИСТЕМ
Како старееме, капацитетот на нашиот имун одговор станува се помал, што доведува до зголемен број на инфекции. Иако никој не знае точно зошто се случува ова, сепак некои научници зголемениот ризик за инфекција го поврзуваат со намалување на T клетките во организмот.

ВEЖБАЊЕ: ДОБРО ИЛИ ЛОШО ЗА ИМУНИТЕТОТ?
Основа на здрав живот е редовно вежбање. Го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува крвниот притисок, помага во контрола на телесната тежина и на тој начин штити од различни видови на инфекција. Како и здравата исхрана, и вежбањето придонесува за подобро здравје, а со тоа овозможува и здрав имун систем.
Целиот текст може да го прочитате тука.