На почетокот од оваа недела, Данското Министерство за Транспорт објави дека буџетот за Договорот за зелена конверзија на патниот систем во државата е зголемен ќе биде скоро 70 милиони евра. Ова вклучува спецификации на 20 проекти со кои ќе има изградба на велосипедски патеки, што ќе бидат паралелни со државните патишта. Големите политички партии стојат зад оваа иницијатива. Оваа скандинавска држава е позната по тоа што има високо развиена велосипедска култура и навика, дури може да се каже и дека е глобален лидер, но сепак нивната влада смета дека се уште може многу да се направи. Во Договорот, потпишан на 4ти декември, 2020та година, стои дека е широко прифатен од граѓаните на оваа земја.
Претставникот од Министерството за транспорт, Расмус Вестергад Мадсен изјави: “Исклучително сум среќен дека денес презентираме 20 нови велосипедски патишта, коишто ќе овозможат безбедна рута на децата од училишна возраст до нивното училиште, но и ќе ја олеснат одуката на многу Данци, да го користат својот велосипед за на работа. Исто така, многу Данци надвор од градовите ќе можат да ги користат своите велосипеди доколку има инфраструктура и е безбедно. Денешниот Договор е добар старт, но доколку сакаме што повеќе Данци да ги користат своите велосипеди како вистинска зелена алтернатива, мораме значајно да продолжиме со инвестирање во овој дел”.
Иако не се сите детали завршени, сепак наредниот чекор е да се договори датум за почеток на изградба на овие велосипедски патишта.
Целиот текст може да го прочитате тука.
.