• пет. Мар 31st, 2023

ЗОШТО Е ТОЛКУ ЛАДНО НАВЕЧЕР ВО ПУСТИНИТЕ?

Фев 22, 2021

Ако планирате да одите во пустината Сахара, во Северна Африка, на дневно патување, ќе сакате да понесете со себе големо количество вода и многу креми за сончање. Доколку, планирате таму да ја поминете и ноќта, тогаш е подобро да земете со себе и топла вреќа за спиење. Тоа е поради драстичното опаѓање на температурата веднаш по заоѓањето на сонцето, од 38oC преку ден до       -4оC, за време на ноќта, според податоци на НАСА.

Се прашувате зошто се случуваат овие нагли промени на температурата во безводните пустини како Сахара? И како локалните животни и растенија се снаоѓаат со вакви големи екстреми?

ТОПЛИНА И ВЛАЖНОСТ

Причината зошто е тоа така е претставува комбинација од два клучни фактори: песок и влажност. За разлика од термосите, песокот не ја задржува топлината многу долго. Кога топлината и светлината од сонцето ќе стигнат до песокот во пустината, зрната песок во горниот слој апсорбираат топлина и повторно ја испуштаат назад во воздухот, според извештај од НАСА од 2008ма година. За време на денот, зрачењето на топлина од песокот, доплнително го загрева воздухот и предизвикува раст на температурата. Додека, навечер, поголемиот дел од топлината во песокот брзо оди во воздухот, но нема сонце дополнително да ја загрее, оставајќи ги песокот и нејзината околина поладни од претходно.

Сепак, овој феномен сам по себе не е доволен за драстичен пад на температурата. На крајот на краиштата, кога сонцето ќе зајде на некоја тропска плажа, не треба да облечете зимско палто.

Главната причина за непријатната промена на температурата е дека пустинскиот воздух е екстремно сув. Во безводни пустини како Сахара и пустината Атакама во Чиле, влажноста на воздухот, односно, количината на водена пареа во во воздухот, е практично 0, а за разлика од песокот, водата има голем капацитет да ја задржува топлината.

Водената пареа во воздухот ја задржува топлината блиску до земјата како огромно невидливо ќебе и спречува да се изгуби во амтосферата. На воздух со висока влажност му е потребна поголема енергија за да се загрее, што значи дека треба повеќе време и да ја испушти топлината и да се олади околината. Поради тоа, недостатокот на влажност во пустините овозможува овие безводни место брзо да се загреваат, но и забрзано да се ладат.

10 Interesting Facts About the Sahara Desert

АДАПТИРАЊЕ НА ЕКСТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ

И покрај овие рапидни промени на температурата, пустинските животни се добро адаптирани за живот на овие екстремни промени.

Влекачите кои се нараспространета и најразновидна група во пустините, се добро адаптирани на овие ексгремни температурни варијации бидејќи се ладнокрвни, ектотермни организми, што значи дека тие не треба да трошат енергија во задржување на постојана температура на телото. Со други зборови, влекачите можат да ја користат енергијата за други цели, како на пример за ловење. Исто така, многу влекачи имаат предност во тоа што се мали, што им овозможува лесно да најдат некоја сенка преку ден, или топол камен навечер.

Сепак, поголемите топлокрвни животни, или ендотермни цицачи, како камилата, се преголеми за да се скријат од сонцето и не смеат да си дозволат да им спадне телесната температура. Камилите преживуваат со одржување на постојана телесна температура и во топли и во ладни услови. Тоа им успева бидејќи имаат повеќе слоеви на заштита во форма на масти и дебело крзно, што спречува да се загреат премногу преку ден, но и да ја изгубат топлината навечер.

Растенијата од друга страна, се поранливи на екстремни температури, поради тоа што не можат да се движат. Поради тоа, типичните пустински растенија, како кактусите, имаат развиено широк спектат на одбрана, како боцки и отрови, со цел да ја заштитат водата што ја имаат од предатори. Сепак, температура под нулата навечер може да биде смртоносна за растенијата бидејќи водата замрзнува и се шири во нивните ткива, што може да доведе до непоправливо оштетување. Поради тоа, растенијата растат само во предели каде температурата на воздухот не паѓа под нулата.

Целиот текст може да го прочитате тука.