• чет. Мар 30th, 2023

НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЈА ОТКРИВА УЛОГАТА НА ПИЕЊЕТО ЧАЈ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА МОЗОКОТ

Научниците пронашле здрави, повозрасни учесници кои биле поделени во две групи според историјата на фреквенцијата на пиење на чај и ги испитале и функционалните и структурните поврзувања со цел да се открие улогата на пиењето на чај на организацијата на мозокот. За да се избегнат недоразбирања, во ова истражување под чај се мисли на зелен чај, улонг чај и црн чај.

Било забележано сузбивање на хемисферната асиметрија во структурната мрежа како резултат на консумација на овие видови на чај. Авторите не забележале значајни ефекти од пиењето на чај во хемисферната асиметрија на функционалната мрежа.

Иако индивидуални состојки од чајот се поврзани со улогата на одржување на когнитивните способности и превенција од нивно опаѓање, сепак еден научен труд со бихевиорални и неврописхолошки параметри покажала дека има опаѓачки или воопшто нема ефект кога состојката е внесена во организмот индивидуално, но има значаен ефект доколку состојката е внесена заедно во комбинација со останатите состојки од чајот.

Супериорниот ефект од комбинацијата на сите состојки исто така била демонстрирана и во компаративен експеримент кој препорачува користење на чајот пред екстракт од истата билка. Невропротективната улога на хербалниот чај е прикажана во 8 од 9 научни трудови, при пребарување на ефекти од консумација на чај за превенција од Алцхајмерова болест.

An external file that holds a picture, illustration, etc.
Object name is aging-11-102023-g003.jpg
Региони во мозокот каде има значајни разлики во структурнара ефикасност, помеѓу луѓето кои консумирал чај и оние кои што не пиеле.

Заклучокот од тимот Ли/Фенг е следниот:

“Сумарно, нашето истражување сеопфатно ги испитуваше ефектите од пиење на чај врз мозокот на глобално и регионално ниво користејќи мултимодални сликовни податоци и овозможува први уверливи податоци дека пиењето на чај, конкретно на зелен, црн или улонг чај, позитивно делува на структурата на мозокот правејќи ја организациската мрежа поефикасна”.

Целиот труд може да го прочитате тука.