• сре. Мар 22nd, 2023

ГРАДСКИОТ СОВЕТ НА ФУНШАЛ ЌЕ ВГРАДИ МИКРОЧИПОВИ ВО ЛОКАЛНИТЕ ДРВЈА

Официјалната веб-страна на градот Фуншал, ја информираше јавноста дека Градскиот Совет е на половина од тековен проект за вградување на микрошипови во локалните дрвја. Оваа активност, што започнала во 2019та година, веќе е направена на 4065 дрвја, лоцирани во јавните паркови и градини. Целта е да се чипираат вкупно 8000 дрвја до крајот на овој проект.

Оваа иницијатива се смета како уникатна меѓу португалските општини, а идејата е подетално и поиндивидуално набљудување на локалното природно наследство, од кое значаен дел се и дрвјата.

ПРВА ИНИЦИЈАТИВА ОД ВАКОВ ТИП ВО ПОРТУГАЛИЈА

Иако овие денови се слушаат многу теории на заговор во врска со овој проект, сепак реалноста е сосема спротивна.

Локалниот Оддел за Наука и Природни ресурси, што е одоговорен за овој проект, изјави дека сето тоа се прави со цел да се добие подетaлно знаење за залихите на дрвја во општината, за генетските и типолошките параметри, но и за нивната старости и подложност на заболувања.

Изработка на таква база на податоци ќе овозможи  микро-управување на растенијата и изведба на превентивни зафати за продолжување на животот на дрвото или за заштита од епидемија, што може да се шири помеѓу овие растенија.

Целиот текст може да го прочитате тука.