За време на зимскиот период, сите сакаат да заштедат пари на сметките за струја. Сопствениците на домови насекаде низ светото употребуваат разни трикови со цел топлиот воздух да остане внатре во домот, а ладниот да се задржи надвор. Поради тоа што зимскиот период води кон посув воздух, луѓето наоѓат најразлични начини за да одржат влажноста во домовите.
Квалитетот на воздухот во домот директно влијае на здравјето и удобноста на луѓето, па одржување на нормална температура и влажност може да помогне во избегнување на сериозни здравствени проблеми.
ВЛАЖНОСТ И ТЕМПЕРАТУРА
Кога ќе го чеуете зборот влажност, тоа може да ве потести на лето. Влажноста влијае на тоа како ќе ви стои косата на главата, колку е повлажен воздухот, толку е покадрава косата. Исто така влијае и на надворешните активности кои може да се одвиваат потешко поради густиот и влажен воздух којшто прави потекшко да дишеме.
Напросто, влажност е количина на вода присутна во воздухот, и директно влијае на тоа како ја чувствувате температурата. Еден летен ден може да има 25оС, но ако влажноста е на високо ниво, може да се чувствува како да има 30оС, а вашето тело е потопло. Одговорот на вашето тело е да ја намали температурата, предвикувајќи да се потите, но ако е премногу влажно, потта нема да испари и ќе предизвика да ви биде уште потопло.
Како паѓаат температурата за време на зимскиот период, процентот на влажност опаѓа. Воздухот е поладен, што значи дека водените молекули во воздухот се смалуваат и не можат да ја задржат влагата. Често чувствувате сува кожа и испукани усни, бидејќи воздухот пробува да земе што е можно повеќе влага. Поради тоа, ви е поладно.
Добар квалитет на воздухот дома или на работното место е есенцијално за вашето здравје.
КАКО МОЖЕ ДА ВИ СЕ ЗАГРОЗИ ЗДРАВЈЕТО
Симпотомите може да бидат полоши доколку е лош квалитетот на воздухот внатре во вашиот дом. Подолу се неколку начини како тоа може да влијае на вашето здравје:
ПОПОДЛОЖНИ НА БОЛЕСТИ
Колку е повлажен вашиот дом, толку повеќе вируси и микроорганизми ќе можат да се одржат во живот. Микробите можат да останат подолго во воздухот, поради тоа иако некој во домот бил болен пред 1 недела, се уште можете и вие да го фатите вирусот. Дом во којшто е премногу ладно исто така може да ве направи болни бидејќи вашето тело нема да може да ги избрка микробите.
ПРЕКИНИ ВО СПИЕЊЕТО
Спиењето е есенцијално за човечкото тело да функционира правилно. Се чини дека секој има различна посакувана температура за спиење. Сепак, доколку е премногу ладно или топло за време на ноќта, вашето тело ќе одговори со будење од сон. Испрекинат сон може да влијае на текот на вашиот ден и може да ве направи летаргичен.
ВЛОШУВАЊЕ НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКИ ЗДРАВСТВЕНИ СОСТОЈБИ
Ако го вклучите вашиот навлажнувач во текот на зимата, ладните температури помешани со поголем процент на влажност може да води кон зголемени нивоа на алергени или мувла во вашиот дом. Тие што се алергични на мувла или имаат респираторна болест како астма, ќе почувствуваат влошување на состојбата. Воздух којшто е премногу сув, може да предизвика кашлица.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНТАМИНЕНТИ ВО ВАШИОТ ДОМ
Кога го чистите вашиот дом со хемикалии, посебно во зима, што мислите каде одат тие честички? Тие многу веројатно остануваат во вашиот дом и може да предизвикаат здравствени проблеми. Дополнително, материјали како теписон или дрво ослободуваат контаминенти кога воздухот е повлажен, предизвикувајќи иритација и респираторни проблеми.
КАКО ДА СЕ КОНТРОЛИРА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ВАШИОТ ДОМ
За среќа, постојат повеќе начини за контрола и на влажноста и на температурата во вашиот дом. Идеално, влажноста треба да изнесува 30-50%, додека температурата треба да се движи од 18oC-24oC. Навлажнувачи, одвлажнувачи, домашни растенија, како и системи за прочистување на воздухот помагаат во контрола на температурата и влажност на вашиот дом. Се додека се правилно одржувани, може да имате поздрав живот со почист воздух.