Зелениот чај, кој потекнува од Кина и Индија, се здобил со огромно значење поради неговите здравствени ефекти. Денес, има многу повеќе причини за пиење на зелен чај, бидејќи научниците октриле дека пиење на зелен чај три пати во неделата би можело да помогне во намалувањето на ризикот од предвремена смрт, живеење на подолг и поздрав живот.

Во научен труд, издаден во Еuropean Journal of Preventive Cardiology, тим на научници го откриваат следното. Од 10000 испитаници во Кина, тие кои пиеле зелен чај најмалку три пати во неделата, имале помали шанси за напад на срцев или мозочен удар во текот на наредните седум години.
Во овој проект биле вклучени испитаници кои биле групирани во две групи. Една група била со луѓе кои консумирале зелен чај не помалку од 3 пати во неделата. Другата група била со луѓе кои воопшто не консумирале зелен чај или го пиеле помалку од 3 пати во неделата. Научниците собирале податоци и ги следеле испитаниците во тек на 7 години.
ПОДОЛГ ЖИВОТ
Откритијата во истражувањето покажале дека луѓето коишто регуларно го консумирале зелениот чај имале за 20 % помал ризик од срцев или мозочен удар. Исто така, имале и 22 % помал ризик од умирање како последица на срцев или мозочен удар. Научниците откриле и дека редовните консументи на зелен чај имале шанси за подолг живот од 1,26 години на возраст од 50 години, во споредба со тие што не го пиеле овој чај.
Пиењето на овој чај е поврзано со намален ризик од атеросклерозни, кардиоваскуларни болести, како и намален ризик за смртност од било која причина.

ЗАШТИТНИ ЕФЕКТИ ОД ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ
Заштитните ефекти од овој чај биле најнагласени кај групата што редовно консумирала зелен чај. Научни трудови покажале дека главните биоактивни состојки на овој чај, главно полифеноли, не се складираат во организмот долготрајно. Поради тоа, честа консумација на чај во одреден подолг период може да е неопходно за заштита од кардиоваскуларни заболувања.
Зелениот чај е богат со полифеноли, коишто се главни состојки кои имаат улога во заштита на организмот од кардиоваскуларни заболувања. Исто така, се покажало и дека зелениот чај делува и на најчестите ризик фактори за срцев или мозочен удар, како што се дислипидемија и висок крвен притисок.
Покрај ова, полифенолите делуваат и на подобрување на дигестивни проблеми, дијабетес, гојазност и невродегенаративни заболувања.
Целиот текст може да го прочитате тука.