• вто. Мар 21st, 2023

ХАМБУРГ ЗАПОЧНУВА СО НОВИ ПРОЕКТИ ВО КОРИСТ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ

Хамбург, вториот најголем град во Германија, ќе започне со два нови големи проекти на пролет. Новите проекти ќе го помогнат движењето во градот и вежбањето надвор.

ФИТНЕС ЦЕНТРИ НА ОТВОРЕНО

Во Вандсбек, втората најголема населба во Хамбург, ќе се градат надворешни фитнес центри за да се одржат граѓаните во форма. Поради ситуацијата со пандемијата, фитнес салите се затворени со месеци. Заради тоа, градската администрација сака да го поддржи вежбањето на отворени места и затоа е решено да се изградат овие нови објекти.

НОВИ ПЕШАЧКИ ЛЕНТИ

Во наредните неколку месеци ќе започне нова инвестиција во Хамбург. Проектот е за транспорт и содржи пошироки тротоари за пешаците и заштитени велосипедски ленти за велосипедисти.

“Ќе го претвориме Хамбург во велосипедски град. Поради тоа минатата година изградивме и реновиравме вкупно 62 km на велосипедски патеки. Ова ќе го продолжиме и во 2021ва,” изјави Анјес Тјаркс, сенатор за транспорт.

Трошоците за изработка на овој проект ќе чинат околу 4.5 милиони евра и треба да заврши до крајот на октомври. Тротоарите ќе се прошират до 3.3 m, а велосипедските ленти ќе бидат широки 2.5 m. Овие ленти ќе бидат заштитени и одделени од главните патишта.

Првата лента од овој тип е моментално во изработка во Хамбург и треба да биде готова во април.

Целиот текст може да го прочитате тука.