• вто. Мар 28th, 2023

ЛУЃЕ КОИШТО ИМААТ ПРЕЛЕЖАНО КОВИД-19, ЌЕ ПРОЈДАТ СО САМО ЕДНА ДОЗА ОД ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС

За луѓе коишто имаат прележано Ковид-19, дури и да немале симпотоми, најверојатно ќе биде доволна само една доза од вакцините против коронавирус, што се даваат во две дози.

Научници испитувале антитела во крвта кај 59 здравствени работници кои биле вакцинирани со вакцините на Фајзер или на Модерна. Некои од волонтерите имале Ковид-19 осум до девет месеци пред вакцинацијата.

Needles and syringes in the tray for prevention and treatment from coronavirus infection Premium Photo

Нивното тело го запомнило вирусот без проблем и реагирало многу брзо на вакцината. По примање на првата доза, нивото на антитела брзо се зголемило дури до 500 пати повеќе кај луѓето коишто го имале прележано вирусот со или без симптоми.

Со оглед на тоа што вакцините во моментов се во ограничен број, овој податок и тоа како ќе помогне да се ослободат дополнителен број на вакцини и да се искористат каде е најмногу потребно.

Целиот текст може да го прочитате тука.