Амстердам цврсто верува во соларната енергија како одржлив начин за снабдување со електрична енергија на локалните домаќинства. Поради ова, главниот град на Холандија, си поставил цел за инсталирање на 1 милион кровни соларни панели до крајот на наредната година. За да се оствари оваа колективна амбиција, градот нуди различни форми на поддршка за фамилиите и за бизнисите.
АМБИЦИОЗНА, НО СЕПАК ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ
Амстердам веќе има инсталирано повеќе од половина милион на покривите, од почетокот на оваа година. Со капацитет од 125 мегавати, може да се обезбеди електрична енергија за повеќе од 60000 домаќинства.
Сепак, ова е далеку од доволно за холандскиот главен град. Целта е да се дуплира оваа бројка до крајот на наредната година. Судејќи според брзината со која процесот се одвива, остварување на 1 милион соларни панели изгледа сосема разумно.
Освен тоа, изгледа дека има одлични услови за исполнување на целта. Има голем број на покриви кои се со доволен простор за да стават соларни панели на нив. Доколку градот е во можност да ги искористи сите, ќе може да генерира доволно електрична енергија за 500000 домаќинства, според нивните пресметки.
Сепак, просторот не е единствената грижа кога станува збор за електрична енергија. За да се заштеди на сметка за електрична енергија (300-600 евра годишно), прво треба да се направи солидна инвестиција. Тоа не е толку едноставно за сите домаќинства.
Поради тоа, општината ги поддржува индивидуалните домаќинства и компаниите на различни начини. Прво, со организирање на кампањи за колективно купување, за цената да биде пониска. Второ, им се дава можност на тие коишто не поседуваат простор на покрив за инвестирање во овој прокет со соларни панели. Трето, со обезбедување на енергетски кредити.
Целиот текст може да го прочитате тука.