Кое животно има најдолги уши? Веројатно ќе помислите на слонот и ќе бидете во право, делумно. Како најголемо копнено животно, Африканскиот слон навистина има најголеми уши. Но, животно со најдолги уши во однос на големината на телото, е долгоушната јербоа (Euchoreutes naso). Тоа е глодач што живее во пустините на Кина и Монголија.
Должината на телото на долгоушната јербоа е околку 10 cm. Нејзините уши се долги од 3,8 до 5 cm, што претставува 40-50 % од должината на нејзиното тело. За споредба, ушите на африканскиот слон се долги околу 1.2 m, но тоа претставува само околу 17 % во однос на должината на телото кое е од 6 – 7.5 m. Тука може да погледнете едно од ретките видеа направени од јербоата, што наликува на “Мики маус од пустината”.

ЗОШТО ТОЛКУ ДОЛГИ УШИ?
Зошто толку големи уши? Големите уши им помагаат на јербоата и на другите цицачи што живеат во топли и суви средини да се ослободат од вишокот на топлина. Ако ги погледнете африканските и азиските слонови, ќе забележите дека ушите на африканските слонови се многу подолги од тие на азиските, бидејќи живеат на потопла клима. Ушите на азиските слонови се 0.5 m долги, што претставува само 8 % во однос на должината на телото.
Исто така, се смета дека големите уши на јербоата и помагаат да детектира ниско-фреквентни звуци што доаѓаат од нивните жртви (инсекти), но и од нивните предатори.
Целиот текст може да го прочитате тука.