Минатата недела, главниот град на Романија, Букурешт, поднесе барање за градски развојни проекти во износ од 7 милијарди евра, до Министерството за Европски Фондови. Тие средства треба да бидат дел од Националниот план за закрепнување и отпорност, при што државата ќе добие 30 милијарди евра од Европската Унија.
ПОВЕЌЕ ОД 50 ПРОЕКТИ
Планираните проекти ќе помогнат градот да се развие и модернизира. Букурешт планира околу 50 проекти во различни делови од градската инфраструктура.
Плановите влучуваат модернизација и продолжување на трамвајските линии, набавка на трамваи и електризација на јавниот транспорт во Букурешт со префрлување на постоечките дизел автобуси во тролејбуси. Уште еден од поважните проекти е зголемување на велосипедските патеки во градот.
900 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Еколошките проекти ќе добијат 900 милиони евра, а целта е да се создадат голем број на зелени површини, коишто за жал не биле направени до сега, иако биле планирани според градскиот урбанистички план. Исто така, се планира дигитализиција на грејниот систем, како и воведуање на нов паметен мерен систем.
Други предложени проекти се и раководење со отпадот и изработка на Регистар на зелени површини. Во здравствениот сектор се планира дигитализација на целосната јавна болничка мрежа.
Целиот текст може да го прочитате тука.