Во чест на Денот на жената, го честитаме празникот на сите жени во светот, со познати цитати на една од основоположниците на овој празник, Клара Цеткин.
- “Кога мажите се тивки, наша должност е да го кренеме гласот во име на сите наши идеали.”
- “Пролетерските жени се борат рамо до рамо со мажите од нивната класа против капиталистичкото општество.”
- “Кога мажите убиваат, останува на нас жените да се бориме за заштита на животот.”
- “Работниците немаат што да добијат од оваа војна, но можат да изгубат се што им е драго.”
- “Сите жени, без разлика на нивните позиции, треба да бараат политичка еднаквост со цел да се добие послободен живот и живот којшто ќе донесе големи благодети за општеството.