• вто. Мар 28th, 2023

ТАЈЛАНД ЛАНСИРА ПЛАН ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ “КАРАНТИН НА ЈАХТА”

Ако поминување на карантински период за Ковид-19 на јахта ви звучи како примамлива можност, Тајланд ја нуди таа опција на посетителите. Тие што ќе изберат да ја искористат оваа можност ќе мора да прикажат доказ од негативен PCR тест, а притоа ќе им биде контролирано здравјето и локацијата.

“КАРАНТИН НА ЈАХТА”

Продолжувајќи ја пилот шемата првично објавена во ноември, се смета дека околу 100 јахти ќе се вклучат во оваа програма, која моментално се одвива на островот Пукет. Гостите ќе треба да носат паметна нараквица која ќе ја контролира моменталната локација на јахтата и виталните знаци на туристите, вклучувајќи температура и крвен притисок. Паметната направа ќе може да испраќа информации на море, со радиус од 10 km.

Агенцијата за промовирање на дигитална економија (DEPA) работи на оваа програма заедно со мобилни оператори, туристички оператори во Пукет и локални технолошки старт-ап компании. Членови на Кралската морнарица на Тајланд ќе ги контролираат јахтите и кога туристите ќе го комплетираат 14-дневниот карантин, ќе им биде дозволен влез на пристаништето и пристап до островот.

A beach in Thailand with boats

Тајланд многу се потпира на туризмот, а Пукет изгуби преку 320 милијарди бахти (10,407 милиони долари) во 2020та година, поради пандемијата. Причина за тоа е фактот што Тајланд не дозволуваше влез на туристи на островот со цел да се спречи ширењето на вирусот. Тајланд се надева дека оваа иницијатива ќе помогне да се донесат 1.8 милијарди бахти (58 милиони долари) назад во буџетот, по повторното отворање на границите од октомври минатата година.

“КАРАНТИН ВО ГОЛФ РЕСОРТИ”

Тајланд веќе има започнато со “голф карантини”, каде туристите седат во голф ресорти за време на карантинскиот период. Тие мора да останат во нивните соби првите 3 дена и потоа да направат тест за Ковид-19. Ако тестот е негативен, голферите ќе можат слободно да играат голф со нивната група и да ги користат можностите на ресортот. Туристичката организација на Тајланд (TAT) веќе извести дека првата група на голфери завршиле со карантинскиот период и сега може слободно да патуваат низ земјата.

“КАРАНТИН НА ПЛАЖА ВО ХОТЕЛСКИ РЕСОРТИ”

Министерот за туризам, Пипат Ратчакитпракарн, исто така предложува план каде туристите ќе го поминат својот задолжителен 14-дневен карантински период во популарни туристички места, вклучувајќи и ресорти на плажа. Со овој предлог, на гостите ќе им се овозможи излез од своите хотелски соби по третиот ден, но нема да смеат да го напушатат хотелскиот ресорт во наредните 11 дена. Се смета дека овој предлог-план ќе започне со реализација во април или мај на популарни места вклучувајќи ги Пукет, Краби и Чианг Маи.