• пет. Мар 31st, 2023

“APPLE” ЌЕ ИНВЕСТИРА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО МИНХЕН

“Apple” ќе инвестира 1 милијарда евра во нов технолошки објект во Минхен. Овој германски град е веќе најголем градежен центар на “Apple”, но сега мултинационалната компанија ќе се фокусира на 5G и на идни безжични технологии.

Зградата ќе биде лоцирана во центарот на Минхен на површина од повеќе од 30000 метри квадратни. Градењето на овој објект ќе ги поддржи локалните материјали коишто ќе одговараат и на архитектонскиот дизајн и на дизајнот на градините. На овој начин, Минхен се претставува како град којшто ги интегрира наследството, хуманоста и иновацијата.

Wide angle shot of the city of munich during a rush hour Free Photo

ЗГРАДА СНАБДЕНА СО 100 % ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

Новата зграда е планирана да биде готова до втората половина на 2022ра година и до тогаш ќе може да се сместат и вработените во “Apple”. Објектот ќе работи целосно на 100 % обновлива енергија, што е карактеристичен знак за сите канцеларии на “Apple” низ светот. Исто така, ќе се здобие и со LEED Gold сертификат, што укажува на нивото на одржливост и компатибилноста со животната средина, на оваа градба.

Бројот на вработени во “Apple” во Германија е 4000 и 1500 од нив се инжeнери распределни во 7 канцеларии низ градот. Новата зграда ќе се обиде да ги спои сите под еден покрив.

Работата во новиот објект во Минхен ќе се концентрира на подобрување на веќе постоечките операции на повеќе производи на “Apple”, како што се iPhone, iPad, Apple часовник и Mac со M1 чип.