• пет. Мар 31st, 2023

ГРЦИЈА ПЛАНИРА ДА ЗАПОЧНЕ СО ПРИМАЊЕ НА ТУРИСТИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД МАЈ

Мар 13, 2021 ,

Грција изрази надеж дека ќе започне со повторно примање на туристи на 14ти мај, со специфични правила и обновени протоколи. Исто така планира и се надева на постепено ослободување од мерките, доколку дозволат условите.

Ова се добри вести за земјата, која прими 31 милион туристи во годината пред почетокот на пандемијата со вирусот Ковид-19. Министерот за Туризам, Харис Теохарис, даде до знаење дека веднаш по вакцинирањето на повозрасните и поранливите групи, ќе се започне со вакцинација на луѓето што работат во туристичкиот сектор со цел да се зголемат напорите за побрзо враќање на туристите во земјата. Грција бара од Европа да се прифати дигитален сертифкат кој ќе покаже дали сопственикот на истиот е вакциниран или не. Идејата исто така е предложена и од Европската Комисија, а повеќе детали се очекуваат на 17ти март.

Parthenon construction on Acropolis Hill in Athens during the early evening with the moon in the sky.

Примањето назад на туристи е од исклучително значење за државата, бидејќи секторот туризам е застапен дури 1/5 од грчката економија. Грција има 11 милиони жители, а најголем број на туристи доаѓаат од Германија и Обединетото Кралство. На виртуелен саем за туризам со слоганот “All you want is Greece”, министирот Теохарис изјави дека ќе ги примаат сите туристи кои се вакцинирани против вирусот, имаат негативен тест или го имаат веќе прележано вирусот и имаат антитела против истиот. Овој потег е пофален од Светскиот Совет за Патување и Туризам, но сепак многу држави во светот се уште ги советуваат своите жители да не патуваат во странство. Во мометов, Британските власти најавуваат дека интернационалните патувања за жители на Англија може да започнат на 17ти мај.