• сре. Мар 29th, 2023

КАСТЕЛОРИЗО: МАЛ ГРЧКИ ОСТРОВ СО ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНО НАСЕЛЕНИЕ И БЕЗ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Кастелоризо е без коронавирус. Сите 500 жители на овој мал грчки остров се вакцинирани. Од минатиот март, бил регистриран само 1 случај со Ковид-19 на островот. Носителот бил брзо изолиран и вирусот не се проширил на населението. Локалците се внимателни, но живеат порелаксирано. Секој којшто доаѓа на островот мора да направи брз тест.

Овој остров се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море, на околу 2 километри од јужниот брег на Турција, околу 570 километри југоисточно од Атина и 125 километри источно од Родос. Речиси на половина пат помеѓу Родос и Анталија и 280 километри северозападно од Кипар. Кастелоризо е дел од регионалната единица Родос.

Colorful waterfront buildings of the greek island kastellorizo Premium Photo

Островот станал популарен во последниве години меѓу туристите кои бараат изолирано место во Додеканези, благодарение на филмот „Mediterraneo“. Добитник на Оскар од 1991 година, од Габриеле Салваторес, кој бил снимен на островот и го опфаќа периодот за време на Втората светска војна.

ИСКУСТВА ОД ЖИТЕЛИТЕ

Мариа Лазараки била меѓу првите што се вакцинирале. Нејзиниот фамилијарен ресторан останува затворен, но оваа 90-годишна жена обожава да готви за своите внуци.

“Ја примивме вакцината! Ја примивме првата, а по 15 дена ја примивме  и втората доза. Целото население е вакцинирано, сите луѓе од 20 до 94 години. Секако стара сум, сум го проживеала животот, но за среќа вирусот не стигна до нашиот остров. Пред пандемијата имавме многу туристи. Се надевам дека ќе се вратат што побрзо.”

Рибарот Михали Мацос има значајна финансиска загуба поради пандемијата. Се надева дека ситуацијата ќе се подобри во наредните месеци.

“Туристите не доаѓаат повеќе и нема која да купи рибата што ја ловам. Се што ќе успеам да фатам, нема значење.”

Овој остров се подготвува за престојната сезона и се надева на подобри времиња. Видео прегледот за овој остров може да се види тука.