Физичари успеале да измерат гравитационо поле на најмал предмет досега, златна кугла, со тежина од 90 милиграми. Ова може да ни помогне да разебереме како гравитацијата се вклопува заедно со квантната механика на најниска мерна скала.
Маркус Аспелмејер, заедно со неговите колеги од Универзитетот на Виена, во Австрија, отишле во екстремност и до најситен детал, успеале да го измерат гравитационото поле на златна кугла со радиус од околу 1 милиметар, со помош на специјализирано хоризонтално нишало.
Тие ја мрдале златната кугла, напред назад за 1,6 mm, додека била во близина на слична златна кугла којашто била поврзана за нишало. Гравитацијата на првата кугла ја движела другата кугла за само неколку нанометри, по што се помрднало и целото нишало.
Пресметувајќи колку се помрднало нишалото, овозможило да се искалкулира гравитационото поле на првата кугла, што претставува најмал предмет чија гравитација била измерена.
За да се пресметаат вакви мали гравитациони ефекти, потребна е огромна сензитивност. Поради тоа, за да се заштитат од електромагнетните сили, научниците користеле Фарадеев кафез помеѓу двете кугли и го извеле експериментот навечер. Во период што е најмалку сеизмички активен, околу Божик, во вакуум, со цел гасните молекули што отскокнуваат од една на друга, да не влијаат на резултатот.
Повеќе информации за овој експеримент може да прочитате тука.