• пет. Мар 31st, 2023

НАЈДОБРИТЕ 10 РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВИДАТ И НАПРАВАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија е мала балканска земја со илјадници години историја и култура. Се граничи со Бугарија, Грција, Србија и Албанија. Нешто повеќе од 750000 странски туристи ја посетиле оваа земја во 2019та  година.

Иако многу од нив несомнено ќе си ги задржат богатствата од Македонија за нив, сепак оваа инзвонредна земја е тајна којашто е предобра за да не се сподели.

Ако барате дестинација каде нема премногу метеж и е прилично пристапна за вашето долго-очекувано патување оваа година, тогаш ви претставуваме 10 причини зашто Македонија треба да биде прва на листата.

МАКЕДОНСКА ВИНСКА ТУРА

Дали знаевте дека во Македонија виното се произведува повеќе од 4000 години? Тоа е доволно долго време за да се усоврши уметноста на правење вино.

Wine region

Интернационални видови на грозје, како каберне савињон и пино грижо се многу плодни на лозјата, но исто така и други локални видови што ретко се наоѓаат на други места.

Всушност 90 % од сите Вранец вина во светот се добиени од видот на грозје вранец засадено во Македонија, а Македонците секој октомври слават Светски ден на вранец, со вински фестивал и дегустација, во главниот град Скопје.

Винскиот туризам расте секоја година и се повеќе и повеќе лозја и винарии се отворени за посетители. Наострете го апетитот пред да одите на  тура од 360о во винаријата Тиквеш. Потоа планирајте прошетка низ винариите Лазар и Попова Кула. И двете места овозможуваат тура, дегустација и место за престој во нивните идилични опкружувања.

СКОПСКАТА СТАРА ЧАРШИЈА

Старата чаршија е комерцијален центар на Скопје уште од 12тиот век. Се наоѓала во близина на Вардар и во центарот на тогашната главна трговска рута помеѓу Сараево и Атина.

Skopje Old Town

Отоманците изградиле екстензивна мрежа на отворени и затворени згради-продавници, џамии, споменици, заедно со цела инфрастркутура потребна на средновековен трговец. Земјотреси, пожар, како и времето, се имало удел во тоа како чаршијата изгледа денес, но сеуште е фасцинантно место, културно богат дел од градот што вреди да се посети.

Денес Старата чаршија е заштитено како културно наследство. Во исто време, два музеи, Музеј на РС Македонија и Музеј на модерната уметност, биле изградени во овој дел на градот и даваат дополнотелен шарм на ова место. Дајте си доволно време за да ги прошетате историските улици, да ја осетите атмосферата, а потоа упатете се кон барот на покривот на хотел Арка за време на зајдисонцето.

МАНАСТИР СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ

Православниот манастир Св. Јован Бигорски, се наоѓа во Маврово, во западниот дел од Македонија. Изграден првично во 1020та, бил уништен од Отоманците во 16тиот век, а потоа обновен.

Манастирот е прилепен до ридот и има одлични погледи преку долините. Одреден број на монаси живеат сеуште таму, дури и пречекуваат почитувани гости. Манастирот ги нагласува своите спектакуларни фрески и дрвени иконостаси, а има и голема колекција на свети реликвии.

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Охридското езеро претставува Светско наследство од УНЕСКО и се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Албанија. Едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, претставува важна биосфера, но и несомнено живописна локација за уживање.

Church of St John Kaneo

Како турист, најверојатно ќе бидете сместени во Охрид или во Струга, некој од двата града кои излегуваат на ова езеро. Хотелот Пела е сместен среде борова шума во Националниот парк, со неверојатни погледи на езерото. Во кампот “Крсте Јон” во Струга, може да ја поминете ноќта во дрвена куќичка, зголемувајќи ја возбудливоста на вашата авантура.

МАКЕДОНСКИ “ХАЈКИНГ” ПАТЕКИ

Македонија може да се пофали со едни од најдобрите “хајкинг” патеки во Европа, со мапирање и развивање на нови патеки во последните неколку години со фондови од ЕУ. Едни од најубавите локации за “хајкинг” се Шар Планина, Лесница, Виа Динарица, како и кањонот Матка.

ЈАВАЊЕ НА КОЊИ

Балканските планински коњи се жилави и сигурно се движат и по стрмен терен. На седлото, можете да јавате со километри и да уживате во дивината, прекрасни погледи на Македонските Национални паркови, но и други недопрени убавини.

Sherpa horse ridingсе наоѓа во Националниот парк Маврово, опкружен со шума, бистри реки и планински ливади. Јавање на 6-дневната Мијачка тура, “Miyak’s Tribe Trail” , претставува незаборавно искуство за љубителите на јавањето. Во оваа тура може да се видат прекрасни глетки и антички места, нуди можност за искусување на автентичната рурална гостопримливост, како и некои традиционални активности како молзење на кози и правење на сирење.

ЗИМСКИ СПОРТОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија е дестинација со 4 годишни времиња, подеднакво возудливо во зимските и во летните месеци. Од јануари до март, љубителите на зимски спортови имаат можност за избор од неколку ски-центри во државата.  

Македонија е една од првите земји во Европа што нуди можност за “cat skiing” односно тури за скијање или бордање, со ратрак, а можете да се возите со некој од локалните оператори како што е Eskimo Freeride. Идејата на оваа активност е проста: одите на планина со ратрак, на места што се тешко достапни за ски-лифтови. По искачување, може да се скија или борда на густ и недопрен снег, на километри подалеку од други луѓе.

Тие што преферираат скијање со поорганизирана инфраструктура и помалку адреналин, може да се упатат во ски-центарот во Маврово, еден од ски-центрите во државата.

МАКЕДОНСКА ГАСТРОНОМИЈА

Кога последен пат сте биле во македонски ресторан? Ако сеуште не сте искусиле таква гозба, тогаш сега е вистинско време.

Македонската кујна има влијанија од Балканската, Медитеранската и Турската кујна и во неа се инкорпорирани најдобрите локални, сезонски состојки, кои се најчесто органски. Не само што македонската храна е превкусна, туку и рестораните се со многу пристапни цени. Добар оброк за двајца не чини повеќе од 10 фунти (околу 700 денари). Еден од најдобрите ресторани во Македонија е Куќа на мијаците, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски.

ГАЛИЧКА СВАДБА

Приуство на локална свадба е еден од најдобрите начини да се импрегнираш во локалната култура. Во Македонија, Галичката свадба се одвива во јули и трае 5 денови. Парови од цела држава се натпреваруваат за да ја прослават својата свадба за време на овој фестивал, но секоја година се одбираат само по еден младоженец и една невеста.

Galicnik Wedding

Има жива музика, традиционални танцови на мажи и жени, а гостите се облечени во најубава облека. Ова е еден од најпопуларните настани на календарот за локалците, но и за туристите.

ЛЕТ ВО ОБЛАЦИТЕ

paragliding

Реките, езерата и планините во Македонија се едни од поспектакуларните, но и најнеразвиени во Европа. Иако овие прекрасни природни убавини изгледаат волшебно доле на земјата, сепак целосно ново искуство е истите да се видат од небото, додека летате со падобран или параглајдер.

Извор The Travel Magazin