• вто. Мар 21st, 2023

ЕУ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРЕДЛОЖЕНИОТ “КОВИД ПАСОШ”, ШТО БИ МОЖЕЛ ДА ГО ОЛЕСНИ ПАТУВАЊЕТО ОВА ЛЕТО

Како процесот на вакцинација се забрзува насекаде во светот, многу земји почнуваат да размислуваат како да им овозможат на вакцинираните граѓани полесно да патуваат и да можат да одат на јавни места пр. ресторани и спортски настани (стадиони, сали). ЕУ го откри предложениот дигитален вакцинален пасош на време пред почетокот на престојната летна сезона.

КАКО ОВОЈ ПАСОШ ЌЕ ГО ОЛЕСНИ ПАТУВАЊЕТО ВО ЕВРОПА

Вакциналните пасоши, што не се исти како пасошите што ги знаеме, туку се повеќе како сертификати за вакцинација, ќе овозможат доказ за други држави дека патникот е целосно вакциниран против Ковид-19.

Ова во теорија значи дека луѓето ќе добијат неограничен пристап до летови, ресторани, барови, туристички атракции и фестивали. Исто така значи дека карантинскиот период ќе биде избегнат.

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ОВОЈ ВАКЦИНАЛЕН ПАСОШ

Официјално наречениот “Дигитален зелен сертификат”, ќе биде бесплатен, двојазичен (на јазикот на државата која го издава и на англиски), сигурен, недискриминирачки и достапен во дигитална или испечатена форма. И двете форми ќе содржат QR код.

European Commission

Со цел да го олеснат “безбедното и слободно движење”, Дигиталниот зелен сертификат всушност ќе биде составен од 3 различни серификати:

  • вакцинален сертификат, каде ќе пишува која вакцина била употребена, датум и место на вакцинација, како број на примени дози
  • негативен тест сертификат (PCR или брз антигенски тест). Брзите тестови за сопствена употреба, засега ќе бидат исклучени од овој сертификат.
  • медицински сертификати за луѓе коишто прележале Ковид-19 во последните 180 дена.

ЕУ моментално работи на софтвер за верификација за да се осигура дека пристапот ќе биде лесен и непрекинат во сите држави членки. Покрај членките на Унијата, овој пристап е отворен и за државите-партнери што не се во ЕУ, како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

ШТО Е ПРОБЛЕМОТ СО ОВОЈ ПАСОШ?

Сепак овој потег доаѓа и со малку доза на контроверзност. Се смета овие “вакцинални пасоши” може да доведат до креирање на посебни категории на луѓе во општеството: вакцинирани и невакцинирани. Ова е посебен нефер кон многу држави каде е вакцините се потешко достапни. Се смета дека некои земји во развој ќе добијат дози за вакцинирање дури во 2024та година. Ова е мислењето на Светската Здравствена Организација, заедно со држави како Франција и Белгија кои веруваат дела ова решение може да биде дискриминаторно. Други држави, вклучувајќи ги Шпанија, Грција и Португалија, кои претежно се потпираат на туризмот-посебно во летниот период, се поотворени за употреба на вакциналнни пасоши.

Повеќе за вакциналните пасоши може да прочитате тука.