Експертите се јасни: најдобар начин да се излезе од кошмарот наречен Ковид-19 е со вакцинација на што е можно поголем број на луѓе. Но, која држава има највеќе напредок? Направена е анализа на последните бројки и прикажана е споредба на процесот, на државите од Европа врз основа на различни параметри.
КОЛКАВ ПРОЦЕНТ ОД НАСЕЛЕНИЕТО Е ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНО?
Додека Обединетото Кралство води во делот на вкупен број на вакцинации, други држави се пред нив во однос на процентот од населението кое е целосно вакцинирано против ова заболување, што најчесто значи вакцинација со две дози.
Иако Обединетото Кралство прва доби поголем број на вакцини, сепак чека подолго од други држави за ревакцинација со втората доза.
Подоле се гледа приказ од процент од население кое е целосно вакцинирано.

Србија води во овој дел со најголем процент на целосно вакцинирано население од 11.2 %, веднаш зад нив се Малта со 9.1 %, а следуваат и Норвешка и Данска со по 5 % односно 4.9 %.

Нашиот друг сосед, Грција, во моментов има 4 % целосно вакцинирано население, а од поголемите држави, Шпанија е веднаш зад Грција со 3.9 %, а Германија и Италија имаат 3.7 % вакцинирано население.

Може да се види дека и покрај големиот број на вакцинирани жители во Обединетото Кралство, сепак процентот изнесува само 2.7 %.

На дното на овој приказ се наоѓаат Хрватска, Финска, Летонија и Бугарија. За Русија и за Швајцарија нема податоци.
ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ВОДИ ВО ЕВРОПА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ВАКЦИНИ

Од табеларниот приказ може да се види дека убедливо најголем број на вакцини добило Обединетото Кралство, вкупно 27 милиони. На второто и третото место се наоѓаат Турција и Германија со по 12 и 10 милиони, соодвтно. Во врвот на листата уште се наоѓаат и Русија, Франција, Италија, Шпанија, а од нашите соседи висока позиција имаат и Србија и Грција. На дното на оваа листа се наоѓаат Албанија, Белорусија, Молдавија, како и Црна Гора која добила само 5700 вакцини.
КОЈА ДРЖАВА ИМА НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК?
Обединетото Кралство има администрирано највеќе дози, генерално гледано, но исто така води и во рамки на вакцинација на 100000 жители.
Малта, Србија и Данска исто така горе на оваа листа.
На сликата подолу се гледа број на Ковид-19 вакцинации на 100000 жители.

ДАЛИ БОГАТИТЕ ДРЖАВИ ПОБЕДУВААТ ВО ТРКАТА ЗА ВАКЦИНИ?
На почетокот на февруари, Светската Здравствена Организација (СЗО) изјави дека 9 од 10 вакцинации се направени во побогатите држави. За да се види ова влијание во Европските држави, направена е споредба на бруто-домашниот производ на жител на сите држави во однос на број на администрирани вакцини на 100000 жители. Од државите надвор од ЕУ кои се и посиромашни од просекот, се издвојуваат Србија и Турција. Може да се види и дека побогатите земји сепак се над средниот просек од бројот на вакцинации, што ни укажува на тоа дека сепак генерално побогатите држави водат во оваа трка. Го издвојуваме само Луксембург, што е најбогатата држава, но сепак има број на вакцинации кои се под просекот.
КОГА ЗАПОЧНАЛ ПРОЦЕСОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ДРЖАВИТЕ?

Од приказот може да се види дека најрано со вакцинација почнале Русија и Обединетото Кралство, уште на 5ти, односно 8ми декември. Следуваат Швајцарија и Србија, кои започнале на 23ти и 24ти декември соодветно. Државите од ЕУ го започнале овој процес на 26ти декември, веднаш по католичкиот Божик. Иако Турција започнала меѓу последните од овие земји, на 14ти Јануари, сепак веќе има подобри резултати од многу држави кои овој процес го започнале порано.
КОЈ ЈА ДОБИЛ ПРВАТА КОВИД-19 ВО СЕКОЈА ЗЕМЈА?
Како за крај на оваа анализа, ќе видиме приказ од тоа со која група на луѓе, државите го започнале процесот на вакцинација.

Скоро половина од Европските држави, процесот го започнале со вакцинација на здравствените работници, меѓу кои и Грција, Италија, Португалија, Полска, Холандија. Нешто помалку од половина од државите започнале прво со вакцинирање на повозрасното население како Обединетото Кралство, Австрија, Франција, Германија, Словенија. Со вакцинација на политичарите започнале Турција, Србија, Чешка и Бугарија.
Напоменуваме дека овие податоци се собрани од официјални владини извори и подлежат постојано на промени.