Нечистиот воздух е комплексна смеса од гасови и честици. PM 2,5 честиците, од кои некои се толку мали и навлегуваат во крвотокот, се најсмртоносни. Во 2019та, загадувањето на воздухот и надвор и внатре во домовите, се смета дека придонело за скоро 7 милиони жртви низ светот, што претставува скоро 12 % од сите починати во таа година. Па, да видиме како загадениот воздух влијае на нашето тело.
МОЗОК

Долготрајно изложување на PM честици, суфлур диоксид и азот диоксид може да доведе до намалување на когнитивните функции. Промените во структурата на мозокот може да го зголемат ризикот од појава на Алцхајмерова болест.
НЕРВЕН СИСТЕМ

Загадувањето е поврзано со невроразвојски пореметувања и смрт од Паркинсонова болест. Честиците може да патуваат до централниот нервен систем и да активира имун одговор.
КАРДИОВАСКУЛАРЕН СИСТЕМ

Изложеност на загаден воздух е поврзано со зголемен ризик за смрт од кардиоваскулни заболувања, вклучувајќи ги и коронарно-артериско заболување, срцеви и мозочни удари и згрутчувања на крвта.
РЕСПИРАТОРЕН СИСТЕМ

Загадувањето можно е да ги иритира дишните патишта и да предизвика недостиг на воздух, кашлица, астма и рак на белите дробови. Исто така може да го зголеми ризикот од појава на хронична опструктивна белодробна болест (ХОБС).
ЕНДОКРИН СИСТЕМ

PM честиците се нарушувачи на ендокриниот систем и придонесуваат за развој од метаболичко заболување како гојазност и дијабетес. И двете заболувања се ризик фактори за кардиоваскуларно заболување.
РЕНАЛЕН СИСТЕМ

Долготрајна изложеност на честици од загаден воздух е поврзано со поголема можност од хронично бубрежно заболување. Бројот на бубрежни заболувања е највисок во урбаните места.
РЕПРОДУКТИВЕН СИСТЕМ

Загадувањето е поврзано со намалена фертилност и неуспешни бремености. Пренаталното изложување може да води до предвремени раѓања, ниска родилна тежина и респираторни заболувања.
Извор National Geographic