• пет. Мар 31st, 2023

КОГА Е НАЈДОБРОТО ВРЕМЕ ЗА ПОСЕТА НА МАЛДИВИТЕ?

Мар 21, 2021

Иако моменталната ситуација сеуште не ни дозволува да планираме одмори и не е баш погодна за патување, сепак останува на нас да бидеме подготвени. А секогаш е добро време за посета на Малдивите. Сепак, ако сакате гарантирано сончево време, најдобро е да одите од декември до март. Во другите месеци од годината исто така ќе има сонце, но ќе биде испрекинато со дожд и облаци, а во исто време може и да заштедите пари. За што и да се одлучите, секако ќе го добието совршеното искуство.

ВИСОКА СЕЗОНА: ДЕКЕМВРИ ДО ФЕВРУАРИ

Најубаво време на овие острови има од декември до февруари. Посетителите можат да очекуваат многу малку дожд, низок процент на влажност и ведро небо. Сепак, поради Божикните празници што се во овој период има многу високи цени и најчесто хотелските ресорти бараат минимум 5 дена престој.

ПРЕОДНА СЕЗОНА: МАРТ ДО АПРИЛ

Убавото време продолжува до крајот на април, кога температурите се највисоки. Сурферската сезона започнува во март и продолжува до крајот на октомври. И покрај тоа што ова е преодна сезона, сепак цените знаат да скокнат и за Велигден.

НИСКА СЕЗОНА: МАЈ ДО НОЕМВРИ

Бури и дождови се почести во овој период, но времето останува топло, а хотелските ресорти се со најниски цени. Цените се качуваат во август бидејќи се совпаѓа со Европските летни годишни одмори. Морскиот свет e најразновиден на западната страна на коралниот остров во овој период.

A surfer rides a waves.

ЈАНУАРИ

Во јануари е висока сезона на Малдивите, а Европјаните доаѓаат на своите зимски годишни одмори. Првата недела ја одбележува крајот на празничната сезона, што значи дека може да постојат барања од некои ресорти за минимален престој од неколку дена. Очекувајте совршени сончеви денови.

Најзначаен настан: Нова Година

ФЕВРУАРИ

Пикот на сезоната на Малдивите, февруари, е одлично време за посета, со прекрасни сончеви денови и кристално чиста вода за нуркање. Кинеската Нова Година носи еден бран на туристи, но само за краток период.

МАРТ

Високата сезона продолжува и во овој месец е многу ретко да се најде слободна соба во целата држава. Кога Велигден се паѓа во март, очекувајте повисоки цени. Времето останува идилично со одлични услови за нуркање.

A palm tree lined island stands in the distance.

АПРИЛ

Почетокот на ниската сезона сеуште носи доста гости, посебно за време на празниците во Европа. Цените за сместување паѓаат, времето станува понепредвидливо бидејќи започнува сезоната на дождови, но сепак водата во овој период е најтопла.

Најзначаен ден: Денот на мачениците.

МАЈ

Сурферската сезона започнува на јужните и северните делови на атолот Мале и најчести гости во овој период во ресортите се сурферите. Иако сеуште топло, овој месец се води дека е најладен во годината. Сезоната на забележување на ајкули почнува во овој месец.

Најзначаен настан: Рамазан

A turtle swims with a school of fish

ЈУНИ

Дождовите се чести во овој месец, но сепак има и многу ведри денови и високи температури. Сурферската сезона продолжува, а цените на хотелите остануваат ниски. Започнува сезоната на забележување на рибата манте, во северниот дел.

ЈУЛИ

Сурферската сезона започнува на атолот Гнавијани, но има и зголемување на туристите поради совпаѓањето со европските летни годишни одмор. Времето останува топло, но бурите не се ретки во овој период.

Најзначаен настан: Денот на независноста

Swing hanging on a coconut palm at a tropical beach in the Maldives.

АВГУСТ

И покрај тоа што е сезона на дождови, август е зафатен месец поради училишните одмори во многу земји. Сурферската сезона завршува во атолот Гнавијани, но започнува во Гафу Дал и атолот Аду и поради тоа многу сурфери продолжуваат таму

СЕПТЕМВРИ

Ова е врвот на сезоната на дождови и воедно пикот на ниската сезона. Септември е добро време за сурфери и посетители коишто се позаинтересирани за културни активности отколку за совршен тен. Дождовите се чести, но времето е пријатно со просечна температура од 27оС.

ОКТОМВРИ

Последниот месец од ниската сезона, октомври, го одбележува крајот на монсунската сезона, но може да очекувате силни бури и многу непредвидливо време. Сурфањето останува одлично на островите, а цените во хотелите се ниски.

Најзначаен настан: Национален Ден

Brightly colored buildings line a tropical street.

НОЕМВРИ

Ноември е преодна сезона, кога цените почнуваат да растат иако времето сеуште е непредвидливо и може да врне со денови, но сепак е топло и влажно. Сезоната на рибата манте е при крај.

Најзначајни настани: Денот на победата, Денот на Републиката

ДЕКЕМВРИ

Иако сеуште не е мирно како во јануари, сепак може да очекувате многу сонце и малку дожд. Сезоната на празници ги крева цените на сместувањата и се бара минимален престој од неколку дена. Ова е популарно време за Европјаните.