• вто. Мар 21st, 2023

ДОЗНАЈТЕ КОИ СЕ НАЈЗЕЛЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО ПОЛСКА

Со цел да се идентификуваат кои Полски градови нудат најголем квалитет на зелени површини, Опсерваторијата за урбани политики, при Институтот за Урбан и Регионален Развој, направи обемно истражување, а резултатите беа споделени на 16ти март, оваа година. Користејќи сателитски снимки, тие ја анализирале состојбата на зелените површини во градови со над 100000 жители. Истите ги рангирале според нивната површина, распределбата и достапност.

МЕРЕЊЕ НА ДОСТАПНОСТА И ПРИСТАПОТ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ПОЛСКИТЕ ГРАДОВИ

Зеленилото е есенцијално за нормално функционирање на еден урбан екосистем, бидејќи е природен филтер од загадувачи, вклучувајќи и прашина, додека во исто време ги намалува прекумерните количини на јаглерод диоксид во атмосферата. Поради тоа е есенцијално за зачувување на добрата состојба.

Попрецизно кажано, во фокусот на вниманието на Опсерваторијата за урбани политики, биле убаво зачуваните зелени површини во поголемите градови. За да го направат заклучокот, тие ги анализирале следниве параметри:

  • процентот на зелени површини во вкупната површина на градот
  • распределбата на зелените површини
  • достапноста на зелените површини измерена како процент на луѓе со пристап до зелените површини за не повеќе од 5 минути пешачење

Според првиот индикатор, добиени се слдниве информации: Кошалин е градот што има најголем процент на зеленило со 70 %, следува Зјелона Гора со 67,5 % и Кjелце со 66,8 %. Најслаби резултати имале Ополе со 25,2 %, Лублин со 36 %, Гдањск со 40,1 % и Вроцлав си 40,9 %. Двата најголеми градови во Полска, Варшава и Краков, имале проценти на зеленило над просекот.

Интересно е да се види колкава е компактноста на градското зеленило, кога е распределно на повеќе делови. Градови со највисок степен на распределба биле следните: Калиш  (0,55), Ополе (0,4), Вроцлав (0,39) и Лублин (0,39). На другата страна на спектарот со најзбиена структура на зеленило се: Гдиња (0,12), Зјелона Гора (0,13) и Катовице (0,15).

Секако, треба да се спомене дека Гдиња има многу шумски површини внатре во градот, што опфаќаат скоро 45 % од површината на градот и тоа е пресметано во резултатот. За понатамошни извештаи на тема Адаптација на животната средина и климатските промени, испитувачите ќе ги земаат во предвид само урбанизираните површини. Од друга страна, фрагментираната структура на зелени површини може да биде сигнал на мешана употреба на просторните развојски политики.

Конечно, испитувачите откриле дека во просек, половина од популацијата во градовите имаат пристап до големи зелени повшини за не повеќе од 5 минути пешачење. Сепак, најголема достапност е забележана во Шешов 77,9 %, Руда Сласка 75,7 %, Краков 65,7 %. Најмалку пристапни се зелените површини во Ополе 3 %, Калиш 20,2 % и Бјалисток 23,9 %.

Деталите од ова истражување и методологијата се достапни на веб-страницата на Институтот за Урбан и Регионален Развој.