Спонзориран од Обединетите Нации, Светскиот извештај за среќа за 2021ва година, излезе на 20ти март, на Интернационалниот ден на среќата. Оваа година, главна тема на извештајот бил вирусот КОВИД-19 и неговите ефекти на среќата.

“Целосниот извештај се фокусира на ефектите од КОВИД-19 и како луѓето живееле со тоа. Првата цел ни беше да се фокусираме на ефектите од КОВИД-19 врз структурата и квалитетот на животот на луѓето, а втората да се опише и оцени како владите низ целиот свет се справиле со оваа пандемија”, изјавиле авторите на овој извештај.
КАКО КОВИД ВЛИЈАЕЛ НА СРЕЌАТА?
2020та беше многу предизвикувачка година. КОВИД-19 резултираше со паника, нервоза, несигурност и што е уште поважно со смрт на повеќе од 2,6 милиони луѓе низ целиот свет. Земено се ова во предвид, лесно е да се предвиди дека пандемијата ќе има големо влијание на среќата на луѓето, но и на резултатите од извештајот.
Изненадувачки, сепак, најсреќните држави што биле во врвот на оваа листа од претходните години, остануваат и сега во врвот. Во изјава за Извештајот, проф. Џон Хеливел посочил дека “немало пад на просекот на општо добро”. Во објаснување зошто е тоа така, тој изјавил “Едно можно објаснување е дека луѓето гледаат на КОВИД-19 како на нешто што влијае на сите во целиот свет и тоа овозможило поголем осет за солидарност.”
ФИНСКА Е НАЈСРЕЌНАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ

Од вкупно 149 држави во овој извештај, Финска се наоѓа на првото место веќе четврта година по ред. И покрај КОВИД-19, оваа нордиска држава успеала да ја задржи титулата како најсреќна држава во светот. Подоле може да се видат првите 20 држави на оваа листа, според Светскиот извештај за среќа 2021:
- Финска
- Исланд
- Данска
- Швајцарија
- Холандија
- Шведска
- Германија
- Норвешка
- Нов Зеланд
- Австрија
- Израел
- Австралија
- Ирска
- САД
- Канада
- Чешка
- Белгија
- Обединетото Кралство
- Кина
- Франција
НА КОЕ МЕСТО Е МАКЕДОНИЈА И ДРЖАВИТЕ ОД БАЛКАНОТ?
Македонија за жал се наоѓа во долниот дел на листата на 94то место, што претставува пад од 4 позиции во однос на 2020та година. Веднаш под неа на листата се наоѓа Албанија (93), а тука е и Бугарија на позиција (88). Од државите од Балканот, највисоко котира Словенија која се наоѓа на 29то место, Србија (48) и Грција (68). Најнесреќни земји, што се наоѓаат на дното на листата се Руанда, Зимбабве и Авганистан.