Експерти ги рангирале најздравите градови и држави во светот, според добра храна, социјален живот и квалитетен јавен транспорт.
Направен е список со 20 најздрави места на живеење во светот. Извештајот се базира на должина на животен век, цена за да се биде здрав, згадување на воздухот, број на гојазни луѓе, безбедност и должина на сончева светлина во текот на денот.

ШПАНИЈА Е НАЈЗДРАВАТА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ
Шпанија е официјално најздравата држава во светот, земајќи ја првата позиција на оваа листа. Во Шпанија, луѓето го следат Медитеранскиот начин на исхрана со здрави извори на омега-3, масти и протеини. Научни студии го поврзуваат овој начин на исхрана намален ризик од појава на деменција, срцеви заболувања или рак – ставајќи ја оваа земја во најдобрите 5 во должина на животен век.
Медитеранскиот начин на живот ги следи следните клучни принципи: јадење на оброк во друштво, балансиран начин на исхрана и ставање акцент на пешачењето како начин на транспорт, што води и до помала смртност предизвикана од загадување на воздухот. Се смета дека јадењето во друштво го намалува ризикот од гојазност и исто така промовира здрава ментална состојба. Посветување на дел од времето за поврзување со фамилијата и пријателите делува на подобрување на расположението, продуцира ендорфин и ја подобрува општата благосостојба на целото население.
Шпанците живеат според мотото: “Trabajamos para vivir, no vivimos para trabajar” , што во превод значи “Работиме за да живееме, не живееме за да работиме”. Цената за живот во Шанија е средна, ни многу скапа, но не e ни ефтина. Цена за двособен стан во просек изнесува околу 165000 евра, што е многу попристапна цена во однос на други држави во Европа.

ЈАПОНИЈА Е ДОМ НА НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ
Можеби сите ние треба да земеме пример од Јапонија, да јадеме помалку и да пешачиме малку повеќе, бидејќи луѓето од оваа земја имаат најдолг животен век во светот. Покрај нивните помали порции на храна и исхраната богата со протеини, Јапонците покажуваат и поголема почит кон храната, трошат повеќе време на приготвување на храната, а не брзаат ни со јадењето. Целосна спротивност од западниот брз начин на исхрана. Стандардот за живеење во Јапонија е висок, цена за двосовен стан е во просек околу 450000 евра, но сепак квалитетот е најчесто одговара на цената.
Јапонија е исто така позната и по брзиот јавен транспорт, што овозможува ниски емисии на јаглерод диоксид и поради Јапонија се наоѓа на 8мо место, по најмал број смртни случаи предизивикани од загадување. Најчест метод на транспорт им е пешачењето, нивниот начин на живот е доволен да ги одржува во форма и без да посетуваат фитнес центар. Поради тоа се наоѓаат на долниот дел од листата по број на гојазни луѓе во светот.
Можеби, доколку ги прифатиме овие здрави навики, ќе може и ние да доживееме 177 години, како Кане Танака (најстариот човек на светот).

ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО 64 % ОД ВОЗРАСНИТЕ СЕ СО ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА
Британија има еден од најнездравите животни стилови во споредба со други развиени држави и е сместена на 20тата позиција на оваа листа. Загрижувачки, мнозинството на возрасни во овие држави е со прекумерна тежина, 67 % од мажите и 60 % од жените. Британците се погојазни поради брзата исхрана и консумацијата на алкохол, како и од недостаток на физичка активност. Во просек, еден возрасен Британец консумира 9,7 литри чист алкохол, што скоро 1 литар над светскиот просек.
Обединетото Кралство исто така се наоѓа на четвртото место од доле во однос на изложеност на сонце од вкупно 133 држави. Витаминот Д од сонцето помага во регулација на калциумот и фосфатите во телото, и е витален за одржување на коските, забите и мускулите здрави и силни.
Стандардот на живеење во Обединетото Кралство е висок, а цена на двособен стан изнесува 295000 евра. Земјите од Обединетото Кралство се едни од најтешките за да се биде финансиски стабилен, поради што чест е криминалот и многу луѓе се без дом, што влијае директно при проценката на целокупниот здрав живот во овие држави.
САД – ЕДНА ОД НАЈНЕЗДРАВИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ
САД котира високо на скалата на број на гојазни жители и се наоѓа на 153то место од 166 држави според индексто за гојазност. Поради многу брзиот начин на живот, западната култура се адаптирала на високо процесирана храна полна со вештачки хемикалии, масти и шеќери. Овој начин на исхрана го зголемува ризикот од појава на многу здравствени проблеми, како дијабетес тип 2, и значително го намалува животниот век на народот.
Најголемата разлика во споредба со Шпанија и Јапонија е во однос на исхраната. Сите поздрави држави имаат поголема почит кон храната и нејзината подготовка, а често ги третираат оброците и како можност за социјализирање со пријателите и семејството. За разлика од нив, во САД брзиот начин на живот довел до тоа Американците да се исхрануваат со брза храна и веќе готови јадење.
За разлика од Шпанија, чиј главен фокус е социјалниот живот, САД повеќе дава приоритет на кариерата и тоа доведува до нездрави навики во начинот на исхрана и недостиг од физичка активност. Културните разлики покажале дека имаат значително влијание во одредувањето дали некоја држава е здрава или не. Тоа што е заедничко за овие две држави е стандардот, што е доста пристапен, а цена на чинење на двособен стан во САД е 138000 евра.

ВАЛЕНСИЈА Е НАЈЗДРАВИОТ ГРАД НА СВЕТОТ
Валенсија е повеќе од само град на паеља, Валенсија е најздравиот град на светот! Овој преубав шпански град го дели третото место на листата на градови чии жители имаат најдолг животен век.
Прво, овој град ги има идеалните климатски услови. Не е премногу топло и не е многу суво, па поради тоа има доволно зеленило за да овозможи чист воздух. Валенсија исто така има многу сончеви денови, па лесно може да се апсорбира клучниот витамин Д потребен за да ги одржи мускулите цврсти. Морскиот ветар помага во полесно протерување на вишокот на штетни честици во воздухот, но исто така и нивниот начин на исхрана е балансиран. Валенсиската паеља е вистински приказ на нивниот начин на исхрана. Нивното познато јадење има одлична нутритивна вредност, направено од свежи состојки, има низок процент на масти и висок процент на омега-3 и протеини од рибата.
Како и другите најздрави градови во светот, градот поддржува релаксиран животен стил. Познат е по своето музичко и културно наследство и охрабрува социјална интеракција. Жителите на Валенсија даваат повеќе значење на пријателите и семејството, отколку на работата, со што креираат една од најздравите заедници во светот.

ХЕЛСИНКИ ИМА НАЈЧИСТ ВОЗДУХ НА СВЕТОТ
Главниот град на Финска, Хелсинки, се наоѓа на 17тата позиција на листата на најздрави градови во светот и километри пред останатите градови кога станува збор за заштита на животната средина намалување на загадувањето на воздухот. Строгите градски регулативи го ограничуваат количеството на штетни честички во природата и поради тоа го имаат најчистиот воздух на светот. До 2035та година, Хелсинки се обврза да биде јаглеродно-неутрален, а во исто време го забранува користењето на фосилни горива од 2029та година.
За да се оствари таа цел, градот инвестира во извори на обновлива енергија, како хидроцентрали и ветерници. Исто така ја поддржуваат и употребата на електрични возила, а го имаат и вториот најдобар транспортен систем во светот. Сите овие работи придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот.
Хелсинки се смета дека еден од најбезбедните градови за живеење каде криминалот е на многу ниско ниво, скоро и да не постои. Еден извештај дури тврд и дека доколку изгубите паричник во градот, од 12 пати, 11 ќе ви биде вратен.

ЦИРИХ, ШВАЈЦАРИЈА Е ЕДЕН ОД НАЈБЕЗБЕДНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Криминалот во овој град е многу редок и го става Цирих во најбезбедните 5 градови во светот. Поради квалитетното образование и поради добрата состојба на државата, многу жители живеат квалитетно без да имаат потреба од било каков криминал.

Всушност, градскиот стил на живеење се смета дека е еден од најздравите во светот и котираат високо на листата на 10то место. Жителите на овој град имаат долг животен век и на листата се наоѓаат веднаш зад јапонските градови. Тоа може да биде резултат на обврзаноста на градот за намалување на загадувањето од транспортот и поддржувањето на други поздрави алтернативи. Градот се наоѓа на 10тото на листата на градови со најдобар квалитет на воздух.
Подоле може да ја видиме целосната табела на 40те најздрави градови во светот, со резултати од сите вклучени параметри во истражувањето.

Извор Money.co.uk