ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА СЕ ЧИНИ БЕЗБЕДНА, НО ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ЕФИКАСНОСТА БИЛЕ БАЗИРАНИ НА “ПОТЕНЦИЈАЛНО НЕТОЧНИ” ПОДАТОЦИ
Во тоа што е најчесто доверлив процес, Националниот Институт за Алергија и Инфективни болести, изјавија дека АстраЗенека биле предупредени дека издале премногу оптимистичка прес-конференција опишувајќи ги резултатите од испитувањата на нивната вакцина против Ковид-19 во САД.
Институтот изјавиле дека во резултатите на АстраЗенека можно е да биле вклучени “застарени информации” што овозможиле “некомплетна слика за податоците за ефикасноста.”
Според Washington Post, Комисијата за мониторирање на податоци и безбедност, имала средби со АстраЗенека неколкупати во изминативе 2 месеци и виделе бројки за ефикасноста на вакцината што варираат од 69-74 % во превенирање на симптоматски Ковид-19. Комисијата ја советувала компанијата да ги вклучи и тие бројки во прес-конференцијата. Компанијата само спомнала дека ефикасноста е 79 %. Од АстраЗенека изјавиле дека тие податоци биле базирани на “внатрешни анализи”, но и дека се доследни до првичните резултати. Компанијата исто така изјавила дека тие податоци ќе ги поднесе во наредните 48 часа.
Првичните резултати на АстраЗенека, базирани на испитувања до 17ти февруари откриле дека вакцината превенира појава на тешка болест и дека нема сериозни несакани ефекти. Вакцинациите со АстраЗенека минатата недела беа накратко стопирани во неколку Европски држави откако неколку луѓе починаа од состојби на ретко згрутчување на крвта.
Претставници од Јавното здравје ги искористиле новите податоци за да ја убедат јавноста дека вакцината е безбедна и дека нема никаква индикација тешките згрутчувања на крвта да се предизвикани од вакцината.
Едвард Џонс-Лопез, специјалист за инфективни болести, изјавил: “Ако имаше силна поврзаност, ќе имаше и сигнал кој веднаш ќе беше очигледен. Но, само кога има милиони луѓе, што е бројка поголема од клиничките испитувања, тогаш несаканите ефекти стануваат видливи.”
Експертите за јавно здравје се загрижени дека ќе биде тешко да се врати разнишаната доверба за безбедноста на вакцината во ваква круцијална фаза од пандемијата. Во Обединетото Кралство, каде повеќе од 10 милиони луѓе се вакцинирани со оваа вакцина, немало пријави за појава на вакви ретки згрутчувања на крвта. Вкупно 37 случаи на ретки згрутчувања на крвта се пријавиле во АстраЗенека од вкупно 17 милиони вакцинирани во ЕУ и Обединетото Кралство. Ен Тејлор, претставник од компанијата, нагласила дека “бројот на случаи на згрутчување на крвта пријавени во оваа група е понизок од стотиците случаи што би можеле да се очекуваат во општата популација.”
Во податоците за безбедност на вакцината во клиничките испитувања, каде биле вклучени десетици илјадници волонтери, исто така немало пријава на слични несакани ефекти.
ЗОШТО ГЕРМАНИЈА ЈА ЗАПРЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА?
Сепак, остануваат уште прашања. Иницијалната суспензија во Германија била забрзана од извештајот од Институтот Пол Ерлих, државната агенција одговорна за безбедноста на вакцината, каде биле забележани сериозни нарушување со згрутчување на крвта кај 7 пациенти, а биле фатални за 3 од нив. Општо земено, кај најмалку 13 пациенти во 5 држави, сите на возраст од 20-50 години и претходно здрави, биле забележани овие симптоми. Седум од тие починале. Кај сите случаи, состојбата се случила помеѓу 4 и 16 дена од денот на вакцинација со вакцината АстраЗенека.

Некои експерти веруваат дека појавата на ова ретко крвно нарушување е значително повисока во однос на тоа што би можело да се очекува. Наречен тешка церебрална венска тромбоза, синдромот се манифестира на различни начини. Пациенти страдаат од згрутчувања во крвта, најчесто во мозокот. Во исто време, бројот на тромбоцити е низок, а тие помагаат при појава на згрутчување на крвта. Ова намалување доведува до внатрешно крварење. Хематолозите рекле дека досега немале видено такво нешто.
Научниците сеуште не знаат дали самата вакцината го предизвикала овој синдром, или кој би бил механизмот доколку вакцината ги активира овие несакани ефекти.
Норвешки научници, кои проучувале 3 норвешки здравствени работници кои се здобиле со оваа ретка состојба, изјавиле дека веруваат дека реакциите се предизвикани од самата вакцина. Објаснувањето е дека вакцината го предизвикала имуниот систем бурно да реагира, водејќи до равивање на антитела кои потоа предизвикале тромбоцитите во крвта да формираат згрутчување. Во исто време, овие антитела го предизвикале спротивниот ефект. Со намалување на тромбоцитите во крвта, кои се значајни за коагулација на крвта, се предизвикало внатрешно крварење.
И покрај овие податоци, Емер Кук, главниот човек на Европската Медицинска Агенција изјавил дека “оваа вакцина е безбедна и ефикасна”. Тој уште нагласил и дека “Предностите ги надминуваат несаканите ефекти, посебно ако ја земеме во предвид опасноста од вирусот Ковид-19. Дури и ако најлошото сценарио се покаже како точно, сепак за поголем процент на луѓе оваа вакцина ќе биде безбедна и ефикасна.” Агенцијата ќе продолжи со испитување на поврзувањето на вакцината со згрутчувањето на крвта, но сепак даваат зелено светло за продолжување со процесот на вакцинација во ЕУ.
Во САД се појавиле случаи на слично, но помалку сериозно нарушување наречено имуна тромбоцитопенија. Имало 36 вакви случаи кои примиле вакцини од Фајзер или Модерна. Меѓутоа Американската Агенција за храна и лекови изјавила дека појавата на ова нарушување кај вакцинираните луѓе, не е поголема од таа кај невакцинираните.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА
Оваа вакцина е поразлична од вакцините на Фајзер и на Модерна и користи ослабена верзија на аденовирус, вирус којшто природно ги инфицира шимпанзата. Научниците го измениле вирусот за да не може да се размножува во човечките клетки, а додадени се и гени коишто го кодираат спајк-протеинот на коронавирусот. Внатре во телото, вакцината влегува во клетките и ги пренесува гените на спајк-протеинот, којшто го користат клетките, за да го изградат тој протеин. Присуството на спајк-протеини предизвикува имун одговор. Повеќе за разликите на помеѓу типовите на вакцините може да прочитате тука.
СПАСУВАЧ НА ЖИВОТИ ЗА ПОСИРОМАШНИТЕ ДРЖАВИ
Вакцината на АстраЗенека, што е британско-шведска компанија, е направена во соработка со научници од Универзитетот Оксфорд, со примарна цел да се спасат животи, а не да се направи профит. Поради тоа ја нарекуваат и живото-спасувачка за посиромашните држави и е клучна во кампањата на СЗО за вакцинација во овие држави. Не е скапа за изработка, може да се направи во големи количини за брзо време и може да се чува во конвенционален фрижидер до 6 месеци.
Вакцината сеуште не е одобрена во САД, но е одобрена за итна употреба во повеќе од 70 држави на 6 континенти.
Извор National Geographic