ГРАДОТ ТОРИНО ЌЕ ГИ ПРОШИРИ НЕГОВИТЕ БЕЛИ ДРОБОВИ СО ДОДАВАЊЕ НА УРБАНА ШУМА
Минатата недела, градот Торино изјави дека направиле договор со Arbolia и RINA, инженерски консултантски и непрофитни организации, со што се посветува на овозможување на решенија за урбано зеленило, при што ќе се направи урбана шума во веќе изградениот парк Сангоне. Овој нов зелен дел ќе содржи 2100 дрвја што треба да помогнат во рециклирање на емисиите на јаглерод диоксид во овој дел на градот, а во исто време и ќе ги подобрат климатските услови општо во целиот град.

ЗА ОВОЈ ПРОЕКТ СЕ ПЛАНИРА ЛОКАЛНА ФЛОРА
Целиот процес за садење на површина од 2 хектари ќе трае во текот на целиот месец април и кога ќе биде завршен, првите две години со истиот ќе управува компанијата Arbolia. Дрвјата и грмушките што ќе формираат нова урбана шума ќе бидат избрани за да ја претставуваат локалната флора. Тоа значи дека видови како што се црна топола, јасен, јавор и бозел ќе бидат засадени во оваа урбана шума.
Направени се пресметки и за бенефитите од оваа додаена урбана шума. Пресметано е дека 100 тони на јаглерод диоксид и преку 4 тони на честички ПМ10 ќе бидат абсорбирани од овие дрвја секоја година.
Градоначалничката на градот Торино, Кјара Апендино изјавила: “Имплементирањето на зелено наследство во нашиот град со решенија на за урбано пошумување ни овозможува да размислуваме за поодржлив развоен модел за борба против климатиските промени.” Таа исто така изразила и благодарност до компаниите кои ќе учествуваат во овој проект.
Алберто Униа, локалниот советник одговорен за зеленило, изјавил дека во изминатите години во Торино, благодарение на постојаната политика на пошумување, биле засадени 35000 дрвја.
Извор The Mayor