На 26ти март, градоначалничката на градот Луксембург, Лидија Полфер, ги претстави првите велосипедски улици на територијата на градот и државата. Овој пилот проект е прв од ваков тип во Големото Војводство и го претвора главниот град во национален пионер кога станува збор за промовирање на мобилност во градот надвор од јавниот транспорт и приватните возила.

ЛУКСЕМБУРГ ГО ПРАВИ ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ПОБЕЗБЕДЕН ВО УРБАНИТЕ ЗОНИ
Според сообраќјните правила, на овие улици:
- велосипедистите ќе имаат предност во однос на моторните возила; претркување не е дозволено, а моторните возила се обврзани дури и да почекаат доколку е потребно
- велосипедистите можат да ја користат целата сообраќајна лента
- максимална дозволена брзина е 30 km/h
За овој пилот проект се одбрани 3 улици, што се со стратешки локации, за да може да се поврзат со трите главни велосипедски рути во градот. Специфични знаци и ознаки ги означуваат почетокот и крајот на зоните на овие “велосипедски улици”.
По оваа тест фаза што ќе се одвива од крајот на март до крајот на септември оваа година, градот ќе направи анализи за овој проект и ќе одлучи за можно проширување на овој проект и на други улици во градот.
Извор The Mayor