Градот Скопје е еден од 16те градови кои поднеле документација за кандидатура за престижната награда Најзелен град во Европа за 2023та година.
Главниот град на Естонија, Талин, повторно поднел кандидатура по 2 неуспешни обиди претходните години, а минатата година дури влезе и во финалето, односно крајната фаза, но сепак титулата се најде во рацете на Гренобл, како најзелен град во Европа за 2022ра година.
Покрај Талин (Естонија) и Скопје (Македонија), кандидатури за Најзелен град во Европа, поднеле и следниве градови: Белград (Србија), Загреб (Хрватска), Хелсинборг (Шведска), Даблин (Ирска), Логроно (Шпанија), Каљари (Италија), Софија (Бугарија), Кошице (Словачка), Измир и Газиантеп (Турција), Гдањск, Варшава, Краков и Жешов (сите од Полска).

Во текот на пролетта ќе бидат објавени градовите кои ќе влезат во потесен круг, а победникот ќе биде објавен на церемонија во Лахти, Финска, град којшто беше прогласен за Најзелен град во Европа за 2021ва година.
Извор The Mayor, European Commission