• чет. Мар 30th, 2023

АВСТРИЈА ПРЕТСТАВУВА “ТЕСТОВИ-ЛИЖАВЧИЊА” ВО ГРАДИНКИТЕ

Во Долна Австрија, една од деветте административни области во Австрија, пет градинки ќе бидат дел од пилот-проект каде децата ќе се тестираат дали се заразени со Ковид-19. Ова ќе биде направено со таканаречениот “тест-лижавче”. Целта е што е можно порана детекција на вирусот.

Кога се најави овој пилот-проект, властите уверуваа дека тестовите ќе бидат “пријателски кон децата”.

Планот е овие “тестови-лижавчиња” да се користат во период од 8 недели, по што ќе следи евалуација од две недели. Здравствените советници изјавиле дека доколку овие тестови се добро прифатени, истите ќе бидат користени и во други градинки, дури и пред да биде завршен проектот.

Според еден од советниците за образование, тестовите би се правеле првиот ден во неделата и уште еднаш по 2 дена. За 15 минути резултатите би требало да бидат видливи.

Справувањето со евентуално добиен позитивен тест и постапките што следат потоа, се исто така ставени на тест. Исто така треба да се напомене, дека овие тестови ќе бидат доброволни и ќе бидат правени само на деца чии родители дале согласност.

ДО 400 ДЕЦА МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ОВОЈ ПРОЕКТ

Околу 440 деца  од 5 градинки ќе имаат можност првично да учествуваат во овој проект. Бројот на испитани примероци ќе зависи од два параметри.

Од една страна, не се знае дали родителите ќе пуштат своите деца да одат во градинка за време на рестрикциите. Од друга страна, не се знае колку од родителите ќе дадат согласност за да врши испитување на нивните деца.

Извор The Mayor