Се смета дека Копенхаген е најпријателски град за велосипедисти во светот. Сега, се повеќе и повеќе граѓани одбираат велосипед наместо автомобил. Како резултат на тоа, не е изненадување дека велосипедскиот мост “Inderhavnsbroen”, што го поврзува центарот на градот со населбите Christianshavn/Holmen е често преплавен со голем број на велосипедисти и поради тоа се создава сообраќаен метеж.
Според изјави од општината, новиот мост би требало да ги поврзе населбите Nordre Toldbod и Refshaleøen. Што е уште поважно, исто така ќе претставува конекција и со новата населба Lynetteholm во иднина.
Градоначалникот изјавил: “Копенхаген е најдобар светски велосипедски град и така мора да продолжи да биде. Поради тоа, од круцијално значење е неговото постојано развивање и ширење во согласност со потребите на велосипедистите. Мостот што ќе ги поврзува овие населби, ќе го отвори патот за велосипедисти и до новата населба Lynetteholm и значително ќе го олесни движењето на велосипедистите низ целиот град.”
НОВА СТУДИЈА
Политичкото мнозинство во градот издвоило 2 милиони дански круни (околу 270000 евра) за испитување на други можни поврзувања преку пристаништето. Општината објаснува дела со студијата ќе се истражат и проценат нови можни рути преку пристаништето, цена на нов велосипедски мост, физички дизајн на мостот како и ефектот на сообраќајот врз локалната животна средина.
Студијата се планира да биде завршена за време на летото 2022ра година. По завршување на студијата ќе се презентираат и резултатите.
Во изминатите години, населбата Refshaleøen станала една од градските најпопуларни дестинации. Поради тоа, има голема побарувачка за алтернативни поврзувања со оваа дестинација, без автомобили.
Оваа побарувачка само ќе се зголеми кога ќе се развие новата населба Lynetteholm. Според досегашните изјави оваа населба се планира да биде делумно зона без авотомобили, каде главен транспорт ќе биде велосипедизмот.
Извор The Mayor