• вто. Мар 28th, 2023

МАКСИМАЛНА ПОДДРШКА ОД НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА ЗА ПОСТАПКИТЕ ШТО ГИ ВОДИ МЖСПП

Денеска се одржа првиот состанок на Националиот совет за заштита на природата на кој согласно Дневниот ред се разгледа и донесе Деловодникот за работа и се дискутираше за тековните активности на заштита на природата и постапките за прогласување на заштитени подрачја. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во улога на претседател на Советот, ја искажа својата благодорност до членовите на Националниот совет за заштита на природата за учество на состанокот и изрази уверување дека нивната експертиза и искуство во голема мера ќе придонесе во забрзување на процесите и правилна заштита на националното природно наследство. Националниот совет за заштита на природата, кој е формиран согласно Законот за заштита на природата, даде позитивни мислења на предлозите за прогласување на Малешево и Водно во категорија – Заштитен предел, за предлогот за прогласување на Студечишко Блато за заштитено подрачје, во категоријата – Парк на природа, за предлогот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категорија – Споменик на природа како и за предлогот за номинирање на Охридско Eзеро и Студенчишко Блато на Светската Рамсар листа.

Од сите присутни беше искажано задоволство и максимална поддршка на активностите и постапките што ги води Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита на природата и биодиверизитет на национално ниво.

Извор МЖСПП