• вто. Мар 28th, 2023

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис

Апр 15, 2021 ,

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија.

Имено, Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатиот период ги спроведе сите подготвителни активности за финализирање на Планот за ремедијација со УНИДО и на меѓународен тендер избраната фирма Полиеко, за безбедно чистење и ремедијација на малата депонија со опасниот историски отпад линдан, како и за дефинирање на временската рамка на изведбените работи. За разгледување и усогласување на Планот од страна на МЖСПП, министерот Нуредини формираше работна група и на вчерашната седница ја информираше Владата дека е подготвено Решение за одобрување на Планот со прилог на активности кои треба да бидат преземени од страна на фирмата изведувач, а во согласност со Законот за животна средина.

Ohis-golema-mala-deponija

Во постапката се издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на МЖСПП, согласно Базелска Конвенција – за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на дел од малата депонија, да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH отпад.

Извор МЖСПП