Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година“.
За таа цел Канцеларијата на УНДП во Македонија, Министерството за животна средина и Климатски промени организираат тридневен настан чија цел е да ги потенцира политичката волја, вклученост и ангажман на СИТЕ за спроведување на Ревидираниот национален придонес за климатски промени. Учесниците на настанот ќе имаат можност да поттикнат реална дискусија за реални решенија за реализирање на амбициозни климатски акции.
На 21 април 2021, од 13-15, под мотото #ВозможноЕ да се постигне глобалнатa цел да се ограничи порастот на просечната глобална температура на 1,5 степени целзиусови со амбициозен придонес кон глобалните климатски акции, ќе започне првиот ден од настанот на тема – „Националните придонеси за климатските промени во фокусот“.
Вториот ден – „Зелено закрепнување“ е закажан за 27 април од 10-12 часот каде ќе бидат дискутирани можностите за справување со климатската криза во соработка со приватниот сектор.
Третиот ден е закажан за 5ти мај– 11-13ч, под насловот „Отпорност на екстремни климатски настани“ има за цел да поттикне дискусија со цел се активираат вистински решенија за справување со климатските екстремни настани во земјата. Вашите прашања можете да ги поставите најдоцна до 20 април преку Фејсбук Фан страната на организаторот https://www.facebook.com/klimatskipromenimk