Следејќи ги стапките на други светски метрополи, Варшава реши да пресмета колку пари може заработуваат дрвата со подобрување на квалитетот на воздухот и здравјето на жителите. Одговорот е околу 170 милиони полски злоти (37,5 милини евра). Овие бројки се базирани на првата научна студија од овој тип во Полска, објавена на веб-страната на градот мината недела.
9 МИЛИОНИ ДРВА РАБОТАТ 24/7 ЗА ДА ГО НАПРАВАТ ВОЗДУХОТ ВО ВАРШАВА ПОЧИСТ
Градската администрација на Варшава, во соработка со тим од научници од Варшавскиот Универзитет за природни науки, направиле детална анализа на селектирани екосистемски “услуги” од сите дрвја во областа Вола. Проценката е направена врз основа на детални мерења на биофизички индикатори, со помош на специјализиран софтвер управуван од страна на експерти од истражувачкиот тим.
“Услугите” од дрвјата зависат од нивниот вид и возраста, и ни ги кажуваат следните работи: колку кислород произведуваат секоја година, колку јаглерод диоксид апсорбираат од атмосферата и колку добро го прочистуваат воздухот од различни загадувачи (азот диоксид, сулфур диоксид и прашина со големина на честици ПМ2,5).
Пилот студијата испитала 1300 дрва во специфичната област и било јасно нагласено дека тие придонесуваат за отстранување на околу 440 kg штетни супстанции од воздухот во текот на една година. Дополнително, произведуваат повеќе од 50 тони кислород и апсорбираат околу 20 тони на јаглерод диоксид. На крај, најважниот резултат од работата на дрвата – прочистување на воздухот – изнесувал околу 25500 полски злоти (5600 евра).
Како што објаснил и градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски, многу е тешко прецизно да се пресмета вредноста на “услугите” на 9 милиони дрва што растат во Варшава, бидејќи растат во различни услови, но грубата проценка води до најмалку 170 милиони злоти годишно (37,5 милиони евра).
Целиот текст може да го прочитате тука.