Данскиот Министер за Транспорт Бени Енгелбрехт предложува воведување на Недела без автомобили во Данска. Улиците во Данските градови ќе бидат резервирани за пешаци и велосипедисти, а возилата ќе бидат или пренасочени или ќе останат паркирани. Според локалните весници, оваа идеја ќе биде предложена во поголемите градови, како Копенхаген и Архус.
Различно искуство за урбаниот простор
“Сакаме да им дадеме можност на градовите да овозможат различен живот во неделите и да се искористи урбаниот простор на нов начин. Сакаме да дадеме можност за хибрид, каде возилата возат секој ден, но во неделите улиците се користат на различен начин.”
Министерот за Транспорт дополнително ја истакна важноста за желбата и интересот за овој план од страна на локалните власти. Тој исто така дополни дека неделите без автомобили би биле безначајни доколку жителите не ги искористат улиците за пешачење или велосипедизам. Како и да е, верува дека Архус и Копенхаген ќе ја поддржат оваа идеја и ќе покажат голем интерес за истата.
Неделите без автомобили ќе овозможат на жителите ново и интересно искористување на јавниот простор. Уште поважно, воведувањето на ден во неделата без автомобили дополнително ќе го намали загадувањето и поради тоа значајно ќе придонесе за заштита на животната средина.
Доколку овој предлог ја добие подршката од парламентот, воведувањето на Недела без автомобили би можело да се реализира во текот на пролетта оваа година.
Извор TheMayor