• вто. Мар 21st, 2023

Прага ќе инвестира 14 милиони евра во велосипедска инфраструктура

Како доаѓаат потопли денови, луѓето сакаат да излегуваат се почесто. Со започнувањето на велосипедската сезона, властите на Прага најавија дека планираат да ивестираат преку 14 милиони евра во велосипедска инфраструктура и студии со цел подобрување на квалитетот на животот на велосипедистите во главниот град на Чешка.

Предности од инвестирање во велосипедска инфраструктура

Градските власти на Прага, забележале зголемување на бројот велосипедисти во 2020-та за 38% во споредба со 2019-та година. Изјавиле и дека не можат да го игнорираат тој податок и поради тоа се заложуваат за подобрување на условите на велосипедистите.

Со правење на една ваква инвестиција, Прага ги зголемува безбедноста и комфорноста на своите жители. Освен тоа, промовирањето на велосипедизмот значајно влијае и на заштита на животната средина, а со тоа се добива почист воздух и помалку загадување. Уште повеќе, Градот на овој начин ги орхабрува своите граѓани да имаат физичка активност и да го подобрат нивниот начин на живот.

Целиот текст може да го прочитате тука.