Минатиот месец, во Чешка започна кампања на државно ниво за промовирање на физичка активност. Целта на предизвикот “10000 чекори” е да се охрабрат граѓаните да пешачат редовно и да прифатат поздрав начин на живот. За дополнителна мотивација на учесниците, предизвикот содржи награди и заслуги кои ќе бидат доделени на тие што имаат најголем број на чекори на крајот на месецот.
Организаторите на оваа кампања објаснуваат дека главната цел на овој проект е да се инспирираат граѓаните да се залагаат повеќе за физичка активност. Тие изјавуваат дека иако предизвикот е 10000 чекори или 7,5 километри, сепак дури и помалку чекори се доволни за една индивидуа да се чувствува поздраво.
Награди
Да се биде поздрав и посреќен е несомнено една од најзначајните придобивки на овој предизвик. Сепак, организаторите имаат подготвено и материјални награди за дополнителна мотивација на учесниците.
Исто така резервирана е награда и за најстариот учесник во овој предизвик и со тоа сакаат да ги натераат луѓето од сите генерации да земат учество. Интересно е да се спомене дека многу градови во Чешка земале директно учество во овој предизвик и организираат свои посебни награди со цел да ги мотивираат своите граѓани.
Извор TheMayor