Минатата недела, Данското Министерство за даноци, извади статистика за годинешните ново-регистрирани зелени и дизел возила. Податоците покажуваат неверојатен раст во продажбата на електрични и хибридни возила, со што се потврдува дека зелената транзиција на Данска е во постојан напредок.
Поспецифично, Министерството објави дека во првиот квартал во 2021-ва, 23,9 % од ново-регистрираните возила се зелени возила. Со други зборови, скоро секој четврт автомобил е или електричен или хибриден. Во споредба со продажбата од 2020-та година, се забележува значително зголемување. Во првата четвртина од минатата година процентот на зелени возила бил 8,9 % од сите ново-регистрирани возила.
1 милион зелени возила до 2025-та
Во декември 2020-та година, Данската влада ја прифати зелената конверзија на патниот транспорт. Со овој договор се најавија неколку амбициозни цели со цел да се намали ефектот на стаклена градина со намалување на емисиите за 70 % како и 1 милион возила со нула-емисија на патиштата до 2030-та година.
Министерот изјавил: “Ова е многу убав пораст на продажба на зелени возила, што укажува на фактот дека сме на прав пат. Ефектот од договорот за зелена конверзија на патниот транспорт од минатата година е јасен.”
Фокусирање на алтернативи пријателски настроени кон природата
Како Данците стануваат се попријателски настроени кон животната средина, така побарувачката за дизел возила рапидно се намалува. Како резултат на тоа, пазарот полека ќе ги замени овие возила со возила што се електрични или хибридни.
Целиот текст може да го прочитате тука.