• вто. Мар 28th, 2023

ПРОЦЕС НА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19: КОЈА ДРЖАВА ВОДИ ВО ТРКАТА ДО 30-ти АПРИЛ?

Во однос на вкупниот број на вакцинирани жители, Обединетото Кралство води во трката со имунизирање на населението.

Колку Ковид-19 вакцини се дадени на секоја држава?

Колкав процент од населението е целосно вакцинирано до овој момент?

Додека Обединетото Кралство води во делот на вкупен број на вакцинации, други држави се пред нив во однос на процентот од населението кое е целосно вакцинирано против ова заболување, што најчесто значи вакцинација со две дози.

Иако Обединетото Кралство прва доби поголем број на вакцини, сепак чека подолго од други држави за ревакцинација со втората доза.

Подоле се гледа приказ од процент од население кое е целосно вакцинирано.

Покрај Обединетото Кралство, Малта, Србија и Унгарија се државите што имаат значителен процент на целосно вакцинирано население и моментално се најуспешни во битката со оваа болест (само да напоменеме дека Израел не е дел од оваа пресметка).

Понатаму во процесот на вакцинација вреди да се споменат Шпанија и Франција со по 9 % и 8,8 % соодветно. Со 8,7 % следуваат Словенија, Литванија, Ирска и Луксембург.

Во долниот дел од оваа листа се Финска со 2,9 % вакцинирано население, Бугарија со 2,7 % и Летонија со 2,3 %.

Извор Euronews